Connect with us

Осигурување

Winner Life – 3Д животно осигурување

Објавено

на

Под мотото „За посигурна иднина за нас, за нашето семејство, за нашите деца, добро е да имаме план Б.“, Winner Life го создаде продуктот 3Д.

3Д како досега најсеопфатен и најфлексибилен продукт за животно осигурување, нуди можност за осигурување на сите лица, без оглед на староста и на здравствената состојба.

Животното осигурување 3Д е инвестиција што е наменета за сите, за децата и за возрасните,  за здравите лица, како и за лицата со нарушена здравствена состојба.

3Д производот е поделен спрема групите на клиенти за кои е наменет и според нивните потреби:
•    I димензија – деца
•    II димензија – здрави лица
•    III димензија – лица со нарушена здравствена состојба

За разлика од другите продукти, кај производот 3Д, вие избирате период од кога сакате да ги вклучите ризиците во штедниот дел.

Што добивате со 3Д?

•Штедна и заштитна функција за Вас и Вашето семејство
•Минимална уплата од 20 евра месечно
•Една година гратис осигурување
•Можност за трикратно поголема осигурена сума
•Можност за дополнително осигурување од незгода
•Дневен надомест за болнички денови
•Можност за дополнително осигурување од тешки болести
•Полисата може да се винкулира во корист на банката
•Вредноста на вашата инвестиција е заштитена со валутна клаузула
•Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот

УСЛОВИ:

•Минималната годишна уплата изнесува 240 евра
•Овој продукт е наменет за секое лице на возраст од 0–65 години
•Осигуреник може да биде и лице со нарушена здравствена состојба или намалена работна способност како последица од тешки болести или телесни недостатоци
•Времетраењето на осигурувањето може да биде од 10 до 25 години
•Максималниот период на траење на ова осигурување е до навршени 75 години на клиентот
•Како договорач на осигурувањето, освен физички лица, може да се јават и правни лица
•Начин на плаќање: повеќекратно (месечно, квартално, полугодишно и годишно)

Дополнителни информации можете да погледнете на следниов линк.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange