Connect with us

Странски банки

UBS останува најголемата приватна банка во светот

Објавено

на

Најголемата швајцарска банка UBS останува најголемата приватна банка во светот во 2015-та година, покажува истражувањето на консултантската компанија за управување со средства „Scorpio Partnership“, објави „Ројтерс“.

 

Со средства под управување во вредност од 1,737 илјади милијарди долари UBS го задржува првото место, победувајќи ја со речиси 300 милијарди долари американската банка Merrill Lynch, која од своја страна ја смени „Morgan Stanley“ од втората позиција.

Во исто време средствата под управување на швајцарската банка се намалуваат со 1% од минатата година, додека оние на Merrill Lynch се намалија со 2%, а на Morgan Stanley се намалуваат за 2,8%.

Одложувањето на пазарите во развој, зголемената нестабилност и колебливите клиенти доведоа до пад на средствата под управување со 1% во целиот сектор, покажува истражувањето. Нето новите средства, но важен индикатор за идните добивки, се намалуваат за 6,9% во целиот сектор.

За 25-те најголеми претставници во индустријата падот на средствата под управување е поголем, иако тие успеваат да ја зголемат нето вредноста на новите средства за една третина.

„На крајот, лидерите на пазарот се фокусирале агресивно врз подобрување на својата профитабилност во оперативните модели, за да се спротивставата на „бурата“ што е можно подобро“ – објасни Себастијан Довеи, управен партнер на Scorpio.

Втората најголема швајцарска банка Credit Suisse во рангирањето по Morgan Stanley, забележа 7,2% пад на средствата под управување до 687,3 милијарди долари.

Со помалку од половина од управуваните средства од Morgan Stanley, Credit Suisse ќе треба да додаде 750 милијарди долари кон средствата, за да влезе меѓу првите три во приватното банкарство.

Банката го префрли фокусот на ресурси од инвестициското банкарство кон управувањето на богатство во обид да ги намали трошоците и да ги зголеми приходите, преземајќи помал ризик.

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange