Connect with us

Колумни

Tip of the week – Hakuna Matata

Објавено

на

It means no worries, all the rest of your day. Добро, уште пред да започнеме, тоа не значи дека треба да заборавиме на обврските, одговорностите, да оставиме сè, и едноставно да не се „замораме”. Но, исто така, тоа не значи дека треба да го носиме „светот на нашите рамена”.

Седам на работа и читам на нет, терористички напади во Франција, воен пуч во Турција, убиства на полицајци во Америка, политичка криза во Македонија, неизвесна иднина, сите луѓе се во шок, страв, паника, цело време. Со други зборови, човек да полуди.  

Пред 200 години, исто така, имало војни, исто така, имало природни катастрофи и големи потреси во светот, но за среќа информациите не патувале толку брзо и многу  луѓе биле поштедени од лошите вести што се случувале. Денес, со сè поголемиот пристап до најразличните информации од цел свет, ние сме под влијание на таканаречени „лоши вести” коишто негативно се одразуваат на нашето расположение, на нашата работа, на нашиот живот. Стануваме сè повеќе нервозни, подложни на непотребен стрес, кој потоа се одразува на нашето здравје, а и во сите аспекти од нашиот живот.

Бидејќи имаме секојдневна потреба од изворите на неограничените информации (читај Интернет), мораме на некој начин да се заштитиме од лошите информации што навистина не ни се потребни, и можат да ни донесат само грижи и штета. Затоа, како што кажуваат омилените Тимон и Пумба од добро познатиот Дизни цртан, во прилог се неколку совети што можат да ни помогнат да го тргнеме „светот од нашите рамена”:

Прекин на секаков контакт со изворите на лоши информации. Најдобриот начин да престанеме да ги добиваме информациите кои може да ни наштетат е прекинување на контактот со нив. Доколку тоа значи дека ќе треба да престанеме да гледаме вести, па дури и да го отстраниме телевизорот од нашиот дом, ќе го направиме. За наше добро е.

Прочистување на нашите извори на информации. Некои извори на информации не можеме да ги отстраниме, но тоа не значи дека не можеме да ги прочистиме. Следниот пат кога ќе бараме нешто на Интернет и налетаме на статија со наслов „Застрашувачки фотографии, може да ви се слоши”, треба да го послушаме насловот и да не ја отвораме. Впрочем, кој човек би сакал да види нешто од кое би му се слошило, нели!?

Помалку користење на нашите паметни телефони. Денес, сите знаеме дека не можеме без нашите паметни телефони, но некогаш кога ќе излеземе, најдобриот начин е да го оставиме телефонот дома или, пак, да се обидиме да го намалиме неговото користење што е можно повеќе. Информациите што ги испраќаат нашите пријатели на Facebook news feed, можат навистина да го уништат нашето расположение и негативно да влијаат врз нас. Јас, на пример, кога одам на Водно го исклучувам Интернетот на мојот телефон и се обидувам да не го користам воопшто и да уживам во погледот на Скопје.

Ден без Интернет. Интернетот е интегриран во нашите животи и е невозможно да функционираме без него, но тоа не значи дека не треба да го стиснеме „OFF” копчето барем еден ден од неделата. Така, ќе имаме повеќе време за себе, да прочитаме некоја убава книга, дури и да ги завршиме обврските кои често ги одолжуваме поради „немање време”. Се предизвикувам себеси и вас, еден ден од неделата да пробате да функционирате без Интернет. Да видиме што ќе се случи!  

Правилен избор на луѓе. Негативните луѓе кои се опседнати со лоши информации и главна тема и окупација им се темната страна на човештвото, треба да ги избегнуваме. Најдобриот начин за позитивна енергија, без стрес и грижи се позитивни луѓе. Секогаш ги има, треба само да ги побараме.

Со тоа што им даваме толку многу значење на негативните работи околу нас, си штетиме само на себеси. Затоа, применете ја својата Hakuna Matata и со успех во промените.

Горан Велковски

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com
www.macedonia-export.com

 

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange