Connect with us

Колумни

Tip of the Week – Исчекување

Објавено

на

Имам чувство дека веќе подолго време, да не кажам цел мој живот, сме во некое исчекување. Кај и да се свртиш, или нешто очекуваме, или чекаме, или сме во исчекување.

Се сеќавам, кога го започнавме бизнисот, со еден наш партнер учествуваме на еден тендер каде што ги поднесовме сите документи. Веднаш потоа дојде моментот на чекање. Да бидам искрен, мислев дека нема да имам проблем со моментот на чекање додека да излезат резултатите, но целата процедура траеше предолго, и тогаш нашиот партнер ми рече: сега сме во најглупавата фаза: ИСЧЕКУВАЊЕ.

Проблемот со оваа фаза е што најчесто не зависи од вас, но тука не значи дека животот треба да замре или да запре. Секако, оваа фаза знае да направи проблеми во секојдневието, но мора да се прилагодите.

Како полесно да ја пребродите оваа фаза:

Планирајте однапред – работите, како онаа мојана погоре, можете и треба да ги планирате. Не смеете да имате застој во работата само затоа што чекате некоја одлука.

Мониторинг – постојано следење на работата за која сте во некое исчекување, но да се дава фокус на таа работа.

Алтернативи – додека сте во исчекување, барајте алтернативи. Мора да имате секогаш и план Б.

Адаптација – пробајте да се адаптирате на новонастанатата ситуација. Направете ревизија на претходно направените планови и направете промени таму каде што можете.

Позитивно размислување – иако е најтешката фаза, сепак гледајте да бидете позитивни во очекувањата. Бидете подготвени и за најлошото, но сепак, нека ви преовладува позитивниот дух.

Фокус – немојте да дозволите долгото исчекување да ви го одвлекува вниманието и да бидете дефокусирани.

Дајте сè од себе – сè додека не дојдете до моментот на исчекување, дајте максимум од себе. Тоа само уште повеќе може да ве доведе во ситуација да очекувате позитивна разврска на работите.

Прифаќање – едноставно прифатете го моментот на исчекување и ќе ви биде полесно. Доколку можете да влијаете на намалување на неговото време, тогаш направете нешто, во спротивно прифатете го.

Возбуда – исчекувањето може да биде и возбудливо, ако знаете како да си го направите. Не за џабе е и оваа изјава:

Самата помисла на исчекување, го прави истото повозбудливо” ― Andy Warhol

Едноставно, фазата на исчекување е дел од животот (службен и приватен) кој на сите нас ни се има случено и ќе ни се случи. Разбирањето и прифаќањето на овој период нè прави само поефикасни во извршување на другите задачи. Немојте да дозволите овој период да ви влијае на вашето секојдневие.

Со успех во промените,

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

 

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange