Connect with us

Странски банки

JPMorgan ќе ја зголеми платата на 18.000 работници во САД

Објавено

на

JPMorgan соопшти дека во текот на наредните три години ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 работници во САД.

 

Ваквата одлука се должи на политичките притисоци и постапки на некои држави за покачување на примањата на ниско платените работници.

„Висината на саатнината во најголемата банка на САД ќе се зголеми од 10,15 долари на час, колку што е сега, на ниво помеѓу 12 и 16 долари од час.“ – изјави главниот извршен директор Џејми Димон за „New York Times“.

„Вистина е дека голем дел од луѓето не добиваат шанса за унапредување, поради тоа ние мора да најдеме начин како да им помогнеме да се искачат скала погоре на економски план.“, вели Димон кој за изминатата година доби надомест од 27 милиони долари.

Проширувањето на јазот помеѓу платите на почетниците и директорите на корпорациите, стана вистински политички проблем во САД. Минатата недела, на својата политичка платформа за 2016 година, Демократите отидоа чекор понапред барајќи зголемување на минималната плата.

Моменталната минимална саатнина во САД изнесува 7,25 долари. Калифорнија оваа година одлучи да ја подигне висината на платата и тоа ниво да се одржува до 2023 година, додека пак Њујорк изјави дека евентуални зголемувања на саатнината до 15 долари на час би имало во Њујорк Сити и околината.

Димон изјави дека покачувањата би зависеле како од географски така и од пазарни фактори.

„Благајниците како и соработниците за клиентска поддршка, веќе добија бенефиции како медицинско осигурување во висина од 11.000 долари на годишно ниво.“, наведува Димон.

Порастот на платите во JPMorgan доаѓа во период кога инвеститорите бараат од банката да ги намали оперативните трошоци, при ниво на ниски каматни стапки.

Затегнувањата на пазарот на труд исто така ги поттикнаа и компаниите во САД да ги зголемат платите, па така и „Starbucks“ оваа недела најави покачување на платите од 5% до 10%.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange