Connect with us

Анализи

8 знаци кои покажуваат дека сте исклучителен работник

Објавено

на

Сите ние можеме да ги препознаеме вештите работници. Тие се сигурни, проактивни, вредни, вистински лидери и вистинска поддршка.

 

Некои од вработените, иако се исклучителни, тие имаат и квалитети кои не се вреднуваат врз основа на оценувањето на перформансите, туку имаат големо влијание врз ефикасноста над останатите вработени како и врз крајните резултати од работењето на компанијата.

Во продолжение можете да прочитате кои 8 знаци покажуваат дека работникот е навистина исклучителен:

1. Нивните квалитети се далеку повисоки од описот на работното место

Колку е помала компанијата, толку е поважно вработениот да знае да стои цврсто на свои нозе, лесно да се адаптира, брзо да ги определува приоритетите и без разлика на описот на неговото работно место, вешто да ги заврши зададените обврски.

2. Тие се ексцентрични

Најдобрите вработени најчесто се разлчни: тие се ексцентрични, каприциозни и се посветени на тоа да бидат невообичаени. Дури може да помислите дека се и по малку чудни, но во позитивна смисла на зборот. Невообичаениот карактер ги размрдува работите, природно ги поместува границите и најлесно стигнува до креативни идеи.

3. Знаат кога да ја „зауздаат“ својата личност

Невообичаените личности се навистина забавни, но до одредена граница. Кога работната атмосфера станува стресна, најдобрите работници го отфрлаат вниманието од себе и целосно се посветуваат на тимот и тимската работа.

4. Тие во јавност ги истакнуваат останатите

Пофален збор од шефот значи премногу, но кога ќе добиете добра критика од своите тимски колеги, чувството е непроценливо. Исклучителните вработени секогаш го признаваат придонесот на останатите особено во групни средини каде влијанието на нивниот збор е навистина значајно.

5. Несогласувањата ги искажуваат на само

Исклучителните вработени ги презентираат успесите и неуспесите на ниво на група, меѓутоа чувствителните теми ги презентираат пред или по состанокот, како тоа не би предизвикало лавина на негативни коментари.

6. Тие поставуваат прашања кога останатите молчат

Исклучителните вработени се подготвени да постават директни прашања во секој момент.
„Еден од вработените еднаш ми постави прашање во врска со отказните решенија. По состанокот го прашав зошто го сторил тоа кога веќе знае што се случува. Тој ми одговори: „Јас знам, меѓутоа има многу кои не ни претпоставуваат, а воедно и се плашат да прашаат. Јас мислев дека ќе помогне доколку го слушнат одговорот од тебе.““, вели Џеф Хаден.

7. Тие сакаат да им докажат на другите дека грешат

Личната мотивираност понекогаш произлегува и од желбата да им докажеш на оние кои грешат дека не се во право. Некој кој нема диплома, или некој на кој  му е речено дека нема лидерски способности, често се стекнува со разорувачка желба да го докаже спротивното.
Образованието, интелегенцијата и вештините с енавистина важни но мотивот е клучна алка на успехот. Исклучителните вработени се водени од нешто многу подлабоко отколку лична желба за успех.

8. Тие постојано истражуваат

Некои луѓе ретко се задоволни од своите остварувања па често наоѓаат начин за преработка на целиот процес. Добрите вработени го следат процесот, а исклучителните создаваат уште подобар, не затоа што тоа од нив се очекува или бара, тие едноставно не можат да си помогнат.
 

Повеќе
Реклама here code

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange