Connect with us

Анализи

6 начини како да ја зголемите својата самодоверба откако ќе направите голема грешка

Објавено

на

Самодовербата е апсолутно потребна за постигнување на успех, но понекогаш и најмала несигурност или нетактичност може да направи се да исчезне речиси веднаш. Пронаоѓањето и враќањето на истата може да биде толку тешко, како да барате игла во сено.

 

Откако еднаш ќе ја загубите самодовербата, дискутирањето на таа тема може само дополнително да ве загрижи и да ви ја зголеми несигурноста, па дури и да ги парализира најсилните и најталентирани луѓе. Затоа не треба да дозволиме најмал пад на самодовербата да не фрли во „зајачка дупка“.

Во продолжение прочитајте неколку совети како повторно да ја изградите својата самодоверба.

1. Најдете го својот центар

„Во моментот кога правите неизнудена грешка, грижата на совест е првата која ве погодува, а потоа доаѓате до момент на директно рушење на самодовербата. Во вакви моменти на слабост треба да бидете свесни дека самодовербата е всушност начин на кој се перцепирате самиот себе. Сетете се дека несигурноста се појавува поради тоа што премногу размислувате за тоа што ве демотивирало. Со рефокусирање на склопот на својата иднина, дозволете им на желбите да ја надвладеат вашата несигурност, како би ја вратиле самодовербата на свое место.“ – Кевин Дум – најпродаван автор во „Inc.“

2. Фокусирајте се на напорно работење

„Најдобар начин да ја повратите самодовербата е напорно да работите да станете што подобри во се она што не ви оди од рака. Колку и да звучи едноставно, самодовербата не се враќа со разговор, стратеги и трикови. Вештините и достигнувањата ја билдаат самодовербата, па затоа фокусирајте се во она во што сте најдобри.“ – Џеф Хаден – Owner’s Manual

3. Направените грешки не се крај на светот

„Еве една реченица која јас многу пати си ја повторувам себеси кога правам грешка:„Ако ова е најлошата грешка што некогаш сум ја направила, тогаш ќе биде се во ред.“ Секако, тоа не помага секогаш. Пред многу години се омажив за човек кој испадна да е компулсивен лажго и насилен кога не е се по негово. Кога го оставив тој ни се закануваше на мене и моето семејство. Јас се опоравив од таа грешка, но ми требаше многу време, напор и помош. Некои грешки се големи, но повеќето од грешките се навистина неважни, ние само треба да научиме да така да ги гледаме.“ – Миринда Зетлин – лидер на „The Laid Back“.

4. Враќање на сопствено лежиште

„Кога ми треба поттик на самодовербата, јас се враќам чекор наназад на она што го знам и правам најдобро. За мене тоа значи преземање на едноставен чекор за правење проект, пишување колумна и слично. Ова ми овозможува да создадам серија на кратки победи кои ги склопувам во една голема победа. По кратко, добивам интензитет и поттик на доверба, кои ми се потребни за полн замав.“ Петар, економист во „The Leadership guy“

5. Бидете сигурни дека вашата перспектива е реална

„Кога се чуствувам безначајно, најпрво си дозволувам период за олабавување во чест на моите чувства. Потоа го правам најдоброто што го знам и погледнувам од птичја перспектива на ситуацијата, се осигурувам дека моите очекувања се навистина реални, размислувам на тоа што сум можела д анаправам различно, и им дозволувам на оите пријатели да ме расположат. Пријателите го знаат најдобриот начин да ви го укажат очигледното, знаете, вистината која не секогаш сакате да ја видите, затоа што сте премногу зафатени со паѓање во сопствената мизерија. И на крајот, за да не се фокусирам самата на себе, се посветувам и му помагам на некој друг. Волонтирајќи или помагајќи некому дефинитивно ќе ви помогне да погледнете на работите од некоја друга перспектива.“ – Марија Табака, успешен бизнис советник.

6. Фокусирајте се на мали достигнувања

„Моето ниво на самодоверба е врзано за мојот напредок. Имам ниско – технолошка навика која ми помога да ја подигнам самодовербата во моменти кога удирам во ѕид или почнувам да се загрижувам дека не сум доволно ефективен. Во својата тетратка ги запишувам работите кои треба да ги направам во текот на неделата. Кога заглавувам во дневната мешаница, и имам чувство дека не напредувам, јас едноставно погледнувам назад на страниците. Тоа ми служи како материјал – потсетник за работата која планирам да ја завршам. Вашата самодоверба често е поврзана со влијанието кое го имате на вашата околина.“ – Ерик Холцклоу.

Повеќе
Реклама here code

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange