Connect with us

Државна администрација

Управата за финансиска полиција објавува оглас за вработување

Објавено

на

Врз основа на член 9 од Законот за финансиската полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 12/2014, 43/2014 33/2015 и 27/2016), Управата за финансиска полиција објавува

ЈАВЕНОГ ОГЛAC 03/2016

за именување на директор на Управата за финансиска полиција
 

 

За директор на Управата за финансиска полиција може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

  •  државјанин на Република Македонија;
  •  во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  •  да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  •  да има минимум пет години работно искуство;
  •  да поседува еден од следиве меѓународно признати сертификати за познавање на англискиот јазик не постар од пет години:ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен и БУЛАТС (BULATS) -најмалку 60 бода најмалку ниво Б2 (В2) и да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

  •  кратка биографија;
  •  уверение за државјанство;
  •  доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  •  диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен доказ дека има минимум пет години работно искуство; и
  •  доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет.

Документите од точка 2 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Управата за финансиска полиција или по пошта на адреса; Управа за финаннсиска полиција Кеј Димитар Влахов бр. 4 кат 4, 1000 Скопје, со назнака: „За јавен оглас 03/2016 за именување на директор на Управата за финансиска полиција”

Коефициент за плата: 3, 3 согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014. 99/2014, 116/2014, 152/2015 161/2015 и 218/2015).

Рокот за достасување на пријавите изнесува 8 осум дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 28. 07. 2016 година.

По завршување на рокот за аплицирање Владата на Република Македонија ќе именува директор на Управата за финансиска полиција, со мандат од четири години.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Краен рок за пријавување 28.07.2016.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange