Connect with us

НБРМ

Се очекува умерено забрзување на инфлацијата во 2016 и 2017 година

Објавено

на

Намалувањето на домашните потрошувачки цени продолжи и во првиот квартал од 2016 година, кога, на годишна основа, цените се намалија за 0,1%, во просек.

 

„Анализирано според компонентите, намалувањето на цените во првиот квартал во најголем дел се должи на енергетската компонента, пред сѐ заради пониските цени на течните горива и мазива, согласно со постојано ниските цени на нафтата на светските берзи, како и на цените на храната, главно одразувајќи ги пониските цените на зеленчукот. Од друга страна, базичната инфлација во првиот квартал бележи раст, при раст на цените кај неколку категории во рамки на индексот, а најголем придонес имаат повисоките цени на тутунот и цените на производите за одржување на домовите.“, стои во извештајот на НБРМ. 

За разлика од домашната, странската ефективна инфлација следи нагорна патека, односно во првиот квартал изнесува 0,3% наспроти 0,1%  во претходниот квартал.

„Пресметката на странската ефективна инфлација е изведена од пондерираниот збир на индексите на потрошувачките цени на земјите, најзначајни партнери на Република Македонија во доменот на увозот на стоки за широка потрошувачка.  Пондерациската структура се заснова врз нормализираните учества на номиналниот увоз од секоја од земјите во вкупниот номинален увоз во периодот 2010-2012 година. Во пресметката на овој показател се вклучени Бугарија, Германија, Грција, Франција, Италија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија.“, се наведува во извештајот.

Во  поглед на очекувањата за идниот период,  Анкетата  за  инфлациските очекувања спроведена во март упати на непроменети инфлациски очекувања во однос на претходниот квартал. Гледано според динамиката, како и во претходниот квартал, испитаниците очекуваат умерено забрзување на инфлацијата во 2016 и 2017 година.  

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange