Connect with us

Колумни

Пораст на е – трговијата во Македонија – Потребно ли е воведување на нова категоризација на податоците на НБРМ?

Објавено

на

(Гостински текст на Нина Ангеловска, основач на сервисот за групно купување и воедно лидер во е-трговијата, Grouper.mk во соработка со Bankarstvo.mk и НБРМ).

 

Растот на остварената вредност преку персонален компјутер во 2015-та година споредено со 2014-та изнесуваше 61% што претставува одлична стапка на годишен раст. Во првото тромесечие на 2015-та година вкупната вредност на трансакции направени преку персонален компјутер изнесуваше 5.6 милиони евра, додека првото тромесечие оваа година изнесува 7.1 милиони евра. (НБРМ, 2016). Се работи за раст од 26% што не претставува драстичен пораст, а уште повеќе ако се погледне растот во првото тромесечие на 2015-та споредено со 2014-та година кој е далеку поголем и изнесува 91%. Ако се земе предвид дека пазарот на е-трговија во Македонија е се уште во подем и развој, ако се земат предвид кампањите за стимулирање на онлајн плаќање на сметки за телефон, вода, струја и др. и ако се додадат бенефитите кои ги нуди оналјн купувањето, не би рекла дека се работи за голема или задоволителна стапка на раст.

 

Извор: Извештај за употреба на картички и уреди на кои тие се користат 2011-2015, НБРМ

 

Сепак има бројни фактори кои влијаат на развојот на е-трговијата како што се: наклонетост на населението кон готовински плаќања, политичките и економските фактори, брзина во адаптирање и прифаќање на нови технологии и трендови, компјутерска писменост и др. Сметам дека имаме уште долг пат за да се приближиме кон развиените земји, како од аспект на страната на е-трговците, засегнатите институции и банките така и од аспект на крајните корисници.

 

Ние во Grouper постојано иновираме и ги следиме трендовите, а нашите корисници брзо се прилагодуваат и ги ценат бенефитите кои тие ги овозможуваат. Купувањето преку мобилната апликација (Grouper.mk App) е во постојан пораст, ако во 2015 година 30% од купувањата беа направени преку мобилен уред, оваа година во првата половина веќе 40% од продадените купони биле купени преку мобилен уред и тоа најголемиот дел преку мобилната апликација. Корисниците ги ценат придобивките кои ги нуди апликацијата како: купување било кога од било каде во движење, непосредно користење на купонот без печатење со едноставно покажување и многу други.

 

Нина Ангеловска, основач на сервисот за групно купување и воедно лидер во е-трговијата, Grouper.mk

 

Бројот на регистрирани корисници изнесува над 100.000 и е во постојан пораст, како и бројот на соработници кои се заинтересирани да направат свои Grouper промоциии и да ги искористат бројните придобивки кои ги овозможуваме. Воедно, покрај внатрешните анализи кои ги правиме за оценување на задоволството на соработниците и корисници и останати периодични анализи на спроведени кампањи правиме анализа на пазарот на е-трговија и го следиме и вилјаеме на растот и развојот на истиот.

 

За да знаеме како се движи и развива е-трговијата потребна е систематизирана анализа на достапните податоци. Во достапните извештаи на Народната банка на РМ за употреба на платежни картички под ставката “трансакции остварени преку персонален компјутер” во изминатите години се подразбираше е-трговија односно онлајн трансакции поради отсуство на подетални податоци. Во тековниот извештај за 2016-та година во месец април е додадена фуснота дека се работи на промена на методологијата на прибирање на податоците, што е одлична вест. Минатата година е-трговијата беше една од темите на Осмата конференција за платни системи и системи за порамнување на хартии од вредност под организација на НБРМ, каде се дискутираше за предностите и предизвиците во истата како и влијанието на е-трговијата врз развојот на економијата во целост. По конференцијата, Народната Банка одржа неколку средби и седници со засегнатите страни со цел да се дискутираат бариерите и начините на кој НБРМ може да влијае во надминување за истите. За пофалба е отвореноста за соработка на Народната Банка со приватниот сектор, особено со Grouper како лидер во е-трговијата што ми претставува чест и задоволство бидејќи постоеше иницијатива да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат е-трговците и да се делува во насока на подобрување. Еден од нашите укази беше дека немаме детална слика за е-трговијата од аспект на тоа што се купува оналјн, колку од е-трговијата се плаќање сметки, колкаво учество имаат домашните а колку странските е-трговци, колку активни е-трговци постојат на пазарот и сл.

 

Директорот на дирекција за платни системи, д-р Игор Величковски објасни повеќе за промените и посочи дека се работи за нови подзаконски акти донесени во првата половина оваа година кои се во прилагодени на регулативите на Европската Централна Банка – “Со новите подзаконски акти се дефинираат видот и описот на податоците за извршените активности во платниот промет, роковите и начинот на нивното доставување до Народната банка, од страна на известувачите – обезбедувачи на платежни услуги и операторите на платните системи. Во согласност со овие подзаконски акти, известувачите во рамките на однапред пропишани табели доставуваат месечни податоци за трансакциите и тоа поконкретно за: сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите коишто прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи.

 

Најголемата промена во извештаите ќе се однесува на воведување на детални податоци за потеклото на остварените трансакции односно дали се работи за трансакции со домашни картички кај домашни трговци или надвор од земјата, како што посочи г-дин Величковски – “Упатството за првпат ги обврзува известувачите да доставуваат детални податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата, со што се опфатени и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички. Со новите подзаконски акти се известуваат месечни податоци за бројот и вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и надвор од неа. Со тоа, поконкретно се добива евиденција на бројот и вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата со картички издадени во земјата, потоа бројот и вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата со картички издадени надвор од земјата (приливот на средства од странски државјани), како и податоци за бројот и вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба надвор од земјата со картички издадени во земјата (одливот на средства во странство).

 

Во однос на подетална слика за видот на трансакции односно според категоризација на трговци (дали се работи за плаќање сметки или купување на одредени производи) нема да има промена односно како што укажа г-дин Величковски – “Народната банка не прибира податоци според категоризација на веб сајтовите по дефинирани основи.”

 

Банките веќе се прилагодуваат кон новите барања за известување на Народната Банка на РМ, но сметам дека недостасува поголем фокус на банките кон е-трговијата со цел пресретнување на барањата на трговицте во насока на подобување на искуството за истите што ќе придонесе пак за подобрено искуство на крајните купувачи и пораст на е-трговијата. Има многу полиња на кои треба да се работи и да се автоматизираат, за што е потребна иницијатива од самите банки.

 

Сепак нештата се движат и менуваат, што е добар знак. Се надевам дека понудата во е-трговијата ќе расте и ќе се вклучат што повеќе е-трговци кои ќе поттикнат раст, ќе предизвикаат промени и ќе дадат причини плус за граѓаните да купуваат онлајн и да ги искористат предносите.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange