Connect with us

Домашни банки

Охридска банка ќе издава обични акции по пат на приватна понуда на институционален инвеститор

Објавено

на

Собранието на банката донесе одлука со која Охридска банка ќе изврши зголемување на акционерскиот капитал со издавање на 77.764 обични акции со право на глас, во вкупен номинален износ од 206.074.600 денари, за институционален инвеститор по пат на приватна понуда.

Издавањето на акциите, како што се наведува, ќе се врши по пат на приватна понуда.

“Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на банката со нови уплати од страна на постоечкиот акционер Сосиете Женерал од Пари заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Номиналната вредност на една акција е 2.650 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 206.074.600 денари.

Продажната вредност на една акција изнесува 5.536 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 430.501.504 денари.

Сопствениците на обични акции со право на глас ги имаат следните права:
•Право на глас во собранието,
•Правно на исплата на дел од добивката – дивиденда,
•Право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на банката.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange