Connect with us

Домашни банки

Охридска банка СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ отвори експозитура на нова локација во населба Ародром во Скопје

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал отвори експозитура на нова локација во населбата Аеродром во Скопје со која за своите клиенти и вработени овозможува уште поголема достапност и пријатен и комфорен простор.

 

Експозитурата на Охридска банка Сосиете Женерал, сега сместена на нова, поатрактивна локација на булеварот „Јане Сандански“  бр. 113-А/30., претставува неконвенционален, урбан и модерен простор на површина од 170 м2 за опслужување на население и правни лица, со вклопен нов концепт на просторот за чекање, збогатен со содржини за најмалите посетители.

Во оваа експозитура клиентите ќе можат да се информираат за актуелните промоции и активности на Банката на неколкуте поставени ЛЦД-екрани, а дополнително и додека го чекаат својот ред, во таканаречената „дигитална зона“ преку таблет ќе можат да пристапат на веб-калкулаторот на Банката и самите да направат калкулација за саканиот производ од понудата на Охридска банка Сосиете Женерал, но и да се информираат за целокупното портфолио на производите и услугите на Банката.

„Идејата за креирањето на еден уникатен, урбан и модерен простор за деловност, организиран со нота на домашен амбиент, произлезе од нашите импресии и начинот на кој ние, вработените во Охридска банка Сосиете Женерал, ја доживуваме оваа урбана скопска населба.  Со намера што повеќе да се доближиме до стилот на живот и до потребите на граѓаните од овој дел на Скопје, создадовме простор кој во голема мера го отсликува тој животен стил. Поставеноста на просторот на оваа експозитура е дизајнирана со цел нашите клиенти да ја доживеат Охридска банка Сосиете Женерал како банка со многубројни можности за нив. Една од тие можности е посветена услуга во пријатна атмосфера за секого ‒ за деловните луѓе, пензионерите, граѓаните и, секако, за најмалите посетители, за кои создадовме простор опремен со играчки, книги и сликовници за деца“ ‒ изјави Бранка Павловиќ,  претседател на управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

„Со години работа Охридска банка Сосиете Женерал успева постојано да ги развива своите бизнис-иницијативи и активности во исклучително конкурентни пазарни услови, истовремено силно градејќи репутација помеѓу македонското население. Инвестициите во продажната мрежа и конкретно во оваа експозитура со модерен, пријатен и удобен амбиент ги рефлектираат квалитетот и посветеноста на Банката и нејзините капацитети  да одговори на потребите на своите клиенти, така придонесувајќи кон амбицијата да биде банка фокусирана на создавање блиска врска со клиентите на пазарот на кој опстојува. Како банка, ние сме исто така и институција која има улога на поддржувач на населението, претприемачите, напредните мислители и креатори во реализацијата на нивните потенцијали на долг рок, а тоа истовремено значи и придонес кон целокупната македонска економија. Ова за нас претставува обврска за иден развој на нашите креативни и иновативни капацитети со цел да ја задржиме нашата конкурентна позиција и реалната амбиција на Охридска банка Сосиете Женерал да продолжи позитивно да придонесува во развојот на Групацијата. Доказ за тоа дека Охридска банка Сосиете Женерал е на вистинскиот пат се и двете светски признанија од „Global Finance“ и „Euromoney“, кои ни поставија цврсти показатели за нашата иднина во Македонија“ – изјави Џовани Лука Сома, претседател на надзорниот одбор.

Експозитурата во населбата Аеродром во Скопје беше свечено отворена на 28 јули 2016 година во присуство на бројни гости од бизнис-заедницата во Македонија, партнери и клиенти на Банката, а на отворањето присуствуваше и висока делегација од Централата на Сосиете Женерал Париз, Франција: г. Џовани Лука Сома – Сосиете Женерал Париз, Франција, претседател на надзорниот одбор;  г. Алан Кону – Сосиете Женерал Париз, Франција, член на надзорниот одбор; г. Жан Филип Гијом – Сосиете Женерал Париз, Франција, регионален директор за Балканскиот регион и г-ѓа Марија Русева – Сосиете Женерал Србија,  член на надзорниот одбор.

Своето присуство во земјата високата делегација на Сосиете Женерал Париз, Франција, го искористи и за средби со претставници на релевантни институции во земјата.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange