Connect with us

Осигурување

Онлајн полиса за регистрација на вашето возило од Еуролинк Осигурување

Објавено

на

Заштедете време при регистрација на вашето возило. Од денес со Еуролинк можете да ја купите вашата полиса за регистрација на вашето возило брзо и едноставно, преку веб страницата на Еуролинк осигурување. Имено, за сите на кои им е потребна полиса за регистрација на возилото, односно полиса за осигурување од автомобилска одговорност, тоа може да го направат он-лајн преку веб страницата www.eurolink.com.mk.

Единствен услов е возилото да е веќе регистрирано во базата на Националното биро за осигурување, односно да има полиса без разлика од која осигурителна компанија.

Еуролинк осигурување на своите клиенти им овозможува, со купената онлајн полиса за регистрација на возило, да одберат и  да го осигураат своето возило од дополнителни ризици – кршење на стакло, осигурување од незгода, а исто така можат да купат и  Зелена карта, која ќе им биде доставена.

Како дополнителна предност при купување он-лајн, Еуролинк осигурување им овозможува на своите клиенти плаќањето да биде со кредитна картичка во готово или на рати.

Цената на полисите за осигурување од автомобилска одговорност е утврдена со закон и зависи од јачината на моторот на возилото. Kупената полиса за автомобилска одговорност клиентот ја добива во електронска форма на својата е-маил адреса и со отпечатување на примероците може да го регистрира своето возило.

Техничкото решение на Онлајн полисата за регистрација на возила за веб страницата и мобилната апликација на Еуролинк го изработи компанијата за развој на софтвер Аспект – Скопје.

Повеќе информации во однос на полисите за автомобилска одговорност заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број на Контакт центарот Еуролинк 24 – 02/ 15 888 или на веб страницата www.eurolink.com.mk  , полисата за авто одговорност може да се купи на следниот линк.

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange