Connect with us

Банки

Оглас за врботување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. 

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата: 

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ГОСТИВАР 


ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Подготовка, развој и реализација на комерцијални цели на експозитурата согласно насоките дефинирани во буџетот на Банката;

Нудење на целата палета на банкарски производи и услуги на постојните и потенцијалните клиенти;
Поставување и надгледување на комерцијалниот буџет на експозитурата;
Одржување и промовирање на деловна мрежа на лица кои се вклучени во локалната економска заедница;
Организирање настани и реализирање средби со клиенти;
Ги управува, мотивира и ја контролира работата на сите вработени во Експозитурата;
Анализа на специфични потреби во однос на човечки ресурси (вработување, трансфери, обука) и следење на професионалните квалификации на персоналот;
Следење на профитабилноста на активностите и квалитетот на услугите;
Супервизија на сите активности реализирани во експозитурата. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;

Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција;
Развиени продажни вештини и техники;
Одлично познавање на Aнглиски јазик;
Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
Одлично познавање на MS Office;
Тимски играч;
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати. 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 29.12.2017 година на e-мејл: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака „Апликација за Раководител на eкспозитура Гостивар“. 

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година. 

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. 

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange