Connect with us

НБРМ

НБРМ: „Банките ја одржаа својата стабилност и сигурност.“

Објавено

на

Денес на страната на Народна банка на Република Македонија беше објавено Соопштение, во кое се прикажани најновите податоци за состојбата на банкарскиот систем. Истото можете да го погледнете во продолжение.

 

„Денес се одржа четвртата седница на Комитетот за финансиската стабилност, на кој присуствуваа министерот за финансии и гувернерот на Народната банка, како и високи претставници од двете институции. Во рамки на надлежностите на Комитетот определени со Меморандумот за соработка за одржување на финансиска стабилност и управување со финансиска криза во Република Македонија, на денешната седница се разгледаа најновите движења во банкарскиот систем на Република Македонија, при што се заклучи дека, и во услови на турбулентно домашно опкружување, банките ја одржаа својата стабилност и сигурност.

Од средината на април до средината на мај 2016 година, под влијание на неекономски фактори, беше забележан одлив на денарските депозити на домаќинствата, проследен со зголемена склоност за поседување девизи и следствено со зголемена побарувачка за девизи на менувачкиот и на девизниот пазар.

Во вакви услови, банките добро управуваа со ликвидноста и непречено беа извршени сите барања за исплата на депозитите, пред сѐ благодарение на традиционално високиот обем на ликвидна актива која ја држат, но и на засилениот мониторинг од страна на Народната банка. Ова, заедно со навремените мерки на монетарната политика, придонесе брзо да се стабилизираат перцепциите во јавноста за ризиците во банкарскиот систем.

Овие настани влијаеја врз забавување на растот на банкарските активности, а беше запрена и нивната, претходно забрзана, денаризација. Во периодот јуни 2015 – јуни 2016 депозитите се зголемија за 5 милијарди денари, наспроти претходниот едногодишен период (јуни 2015 – јуни 2014), кога растот изнесуваше 23 милијарди денари.

И кредитирањето забави. Банките продолжија со поголема внимателност да ги кредитираат субјектите од корпоративниот сектор, така што кредитниот раст главно произлезе од домаќинствата. Покрај внимателноста на банките, на намалувањето на кредитниот раст влијаеа и мерките на Народната банка. Така, мерката на Народната банка преземена заради превенирање на ризиците од можна голема долгорочна задолженост на населението наменета за потрошувачка, според очекувањата, резултираше со благо забавување на растот на потрошувачките кредити со рочност над 8 години. Мерката на Народната банка за задолжително „чистење“ на кредитните портфолија од старите и целосно расходувани нефункционални кредити, статистички ги подобри показателите за квалитетот на кредитната изложеност на банките, но, од друга страна го анулираше кредитниот раст (кој, со изземање на ефектите од оваа мерка, заклучно со јуни 2016 година ќе беше двојно повисок). Сепак, со оваа мерка, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се сведе на 7,5% и е за околу една третина помало во споредба со јуни 2015 година, кога изнесуваше 11,5%.

Ликвидната актива на банките останува на задоволително ниво. Заедно со задоволителната ликвидност, и високата солвентност на банкарскиот систем е столбот на неговата стабилност и отпорност. Стапката на адекватност на капиталот изнесува 15,8% и е речиси двојно повисока од пропишаниот минимум од 8%.

На состанокот се разгледа и напредокот во врска со примената на европската банкарска директива и регулатива и директивата за опоравување на банка со проблеми, при што се заклучи дека е потребна координирана активност најмалку на двете институции, за да се воспостават овие нови стандарди.“

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange