Connect with us

НБРМ

НБРМ: „Банките активно тргуваат на пазарите на пари, а прометот достигна највисоко ниво во последните две години.“

Објавено

на

Денес на страната на Народна банка на Република Македонија беше објавено Соопштение, во кое се прикажани податоци за состојбата на банкарскиот систем, показателите за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Истото можете да го погледнете во продолжение.

 

„На 12 јули 2016 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во банкарскиот систем, показателите за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата беше оценето дека монетарната поставеност е соодветна, при што Комитетот за оперативна монетарна политика одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 4%.

Во последниот период видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата, додека оцените за здравоста на економските фундаменти и натаму се позитивни. Оттаму, затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај, засега, се оценува како доволна реакција на притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер.

Податоците за бруто домашниот производ за првиот квартал од годината го потврдија растот на економијата, којшто беше понизок од очекуваниот, а расположливите високофреквентни показатели за април и мај навестуваат негово продолжување, но забавено во однос на првиот квартал. Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесностa околу остварувањата и оцените за економската активност во следниот период. Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени се задржа во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација и натаму умерено се зголемува. Инфлациските остварувања засега не упатуваат на позначителни отстапувања од проектираните, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната.

Движењата на девизниот пазар во јуни значително се стабилизираа и постигнаа нормална динамика. Така, по два месеца на нето-продажба на девизи од страна на банките на физичките лица, во јуни банките остварија нето-откуп на девизи од физичките лица, при значително намалена побарувачка за девизи и раст на понудата на девизи. Дополнителен фактор за повисока понуда на девизи беа и менувачниците, чијшто нето-откуп од физичките лица забележа раст, како на месечна основа, така и на годишна основа. Со оглед на ваквите движења, во првата половина од јуни Народната банка не интервенира на девизниот пазар, а при крајот на месецот, само во неколку наврати надомести дел од сезонски зголемената побарувачка за девизи од фирмите, што е најниска нето-продажба на девизи во последните три месеци.

Последните податоци за девизните резерви, заклучно со јуни, покажуваат квартално намалување. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент. Од 19. април до 23. мај, НБРМ интервенира на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра, со што го затвори јазот помеѓу побарувачката и понудата на девизи и ја одржа стабилноста на девизниот курс. Во мај, мерките на Народната банка за справување со шпекулациите околу стабилноста на курсот на денарот придонесоа за постојан пад на побарувачката на девизи од физичките лица, којашто постепено се враќа кон вообичаеното преткризно ниво. Од последната недела на мај досега, девизниот пазар е стабилен, што упатува на значително стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти и намалување на склоностите за располагање со девизи. Анализата на сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурната зона.

Заради ефикасно управување со ликвидноста, банките во јуни умерено го намалија износот на ликвидни средства пласирани во краткорочните монетарни инструменти и воедно, продолжија со активно тргување на пазарите на пари, каде што прометот достигна највисоко ниво во последните две години.

Неизвесниот домашен амбиент се одрази и врз депозитната база на банките, којашто во мај забележа пад од 0,5% на месечна основа, значително понизок од априлскиот. Со тоа, годишната стапка на раст на депозитите се сведе на 3,7%, остварување што е пониско од очекуваното во априлската проекција. Намалувањето и натаму се поврзува со неизвесноста околу политичката состојба во земјата, при што падот во целост се должи на понатамошното намалување на депозитите на домаќинствата, при раст на депозитите на корпоративниот сектор. Првичните податоци за јуни покажуваат натамошен тренд на намалување на депозитите, но послаб во однос на мај, при што за првпат по случувањата во април се забележува месечен раст на депозитите на населението, што е сигнал за постепено стабилизирање на согледувањата на економските субјекти.

Во однос на кредитниот пазар, во текот на април и мај, вкупните кредити на приватниот сектор се задржаа на релативно стабилно ниво, при раст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор. Стагнацијата на кредитите во еден дел е одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, согласно со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015, но веројатно е и реакција на неизвесниот амбиент и падот на депозитната база. Така, во мај, годишната стапка на кредитен раст изнесуваше 6,4%, а без ефектот од отписите изнесуваше 8,1%. Ефектите од одлуката на НБРМ за отпис најсилно се почувствуваа во јуни 2016, кога е остварен значителен пад на кредитите на месечна основа (од 1,5%) и кај двата сектора. Притоа, изолирајќи го ефектот од отписите, во јуни е остварен солиден раст на кредитната активност и кај населението и кај корпоративниот сектор.

Резултатите од референдумот за членство на Обединетото Кралство во Европската Унија покажаа дека поголемиот дел од граѓаните се изјаснија за излез од унијата (Брегзит), што претставуваше изненадување за пазарите и доведе до одбивност кон преземање ризик и насоченост на инвеститорите кон безбедни инвестиции. Во такви услови, носителите на политиките на глобалните централни банки и натаму спроведуваат приспособлива монетарна политика и воедно, се намалија очекувањата за затегнување на политиката на ФЕД до крајот на годината.

Економските и финансиските услови, како и оцената на постоечките ризици покажуваат дека постојната монетарна поставеност е соодветна. Последните податоци покажуваат значително стабилизирање на движењата по преземањето мерки од страна на НБРМ. Сепак, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување е сѐ уште присутна и дополнително нагласена по гласањето на Обединетото Кралство за излез од Европската Унија.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели.“

 

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange