Connect with us

НБРМ

НБРМ: Едукативни брошури за финансиска едукација за младата популација

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), изготви две едукативни брошури на следниве теми:

1.,,Патување во светот на парите” и 

2. ,,Водич за финансиска едукација наменети за младата популација во државата”.

Публикацијата Патување во светот на парите ќе придонесе младите да се информираат и да научат нешто повеќе за парите како важен дел од нашиот секојдневен живот, за историјата на парите, нивното потекло и нивната употреба во сегашноста, карактеристиките, функциите и формите на парите и нешто повеќе информации за националната валута на Република Македонија. Публикацијата Водич за финансиска едукација ќе помогне попаметно да управуваат и како одговорно да ги трошат парите, како да управуваат со приходите, кои се предностите од штедењето и што претставува буџет.

Целта на издавањето на овие едукативни публикации е да им се помогне на младите граѓани да донесуваат здрави финансиски одлуки уште од рана возраст.

Управување со парите се најзастапените форми на лични финансии и ја опфаќаат секоја група граѓани, почнувајќи од децата и младите. Заштедите може да помогнат во постигнување одредени финансиски цели, без разлика дали тоа ќе значи плаќање годишна школарина, купување нова компјутерска или спортска опрема, а притоа без да се дојде до состојба на барање заем.

Брошурите се дел од активностите спроведени во рамките на Проектот за финансиска едукација на Народната банка и ѝ се достапни за јавноста во електронски формат на официјалните интернет-страници на Народната банка: www.nbrm.mk и на ЕФСЕ: www.efse.lu, како и на социјалните мрежи, и на следниве интернет-врски:

1. Патување во светот на парите

2. Водич за финансиска едукација 

Брошурите може да се најдат и во печатена верзија во просториите на Народната банка.

 

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange