Connect with us

Странски банки

Намален профитот на една од најголемите германски банки

Објавено

на

Во вториот квартал од годината нето добивка на германската банка Commerzbank се намали со речиси една третина во однос на истиот период од  година или до 209 милиони евра, објави банката во Франкфурт.

Оперативната добивка на втората најголема германска банка по пазарна капитализација опаѓа за 18% до 351 милиони евра на годишна основа, додека аналитичарите очекуваа скромно намалување.

Една од најголемите причини за слабиот резултат се историски ниските каматни стапки, кои влијаат се посилно во негативен аспект врз резултатите на банките. Континуираниот немир на пазарите на капитал, исто така, влијае на резултатите, појаснуваат од финансиската институција.

Значително опаѓа и соодносот на капиталот. Во минатите три месеци тој се намали за 0,5 процентни поени до 11,5%. Банката го објаснува тоа од една страна со построгите правила при пресметување на ризиците во секојдневниот бизнис, а од друга со зголемување на обврските во однос на пензиските исплати на вработените во предвид на ниските камати. Повисоките ризици во однос на италијанските обврзници исто оставиле траги во резултатите.

До 2019-та година Commerzbank е обврзана да одржува сооднос на сопствен капитал од 11,75%. Компанијата потврди сега дека размислува поради несигурната пазарна средина, а во моментов тој сооднос може да варира во голема мера.

Банката потврди дека ќе исплати дивиденда од 20 центи по акција – првата од 2007-ма година.

Главниот извршен директор на Commerzbank, Мартин Блесинг ќе се повлече од функцијата во октомври, бидејќи тогаш му истекува договорот. Блесинг, еден од ретките европски банкарски директори кои ги задржаа своите позиции по почетокот на кризата, го пренасочи фокусот на заемодавачот кон средните компании и банкарство на мало, заедно со инвестициската единица и полската гранка MBank.

Тој и помогна на банката да се реструктуира, откако доверителот доби 18,2 милијарди евра од германските даночни обврзници поради глобалната финансиска криза. До денес износот не е целосно издолжен, а државата е најголем акционер со удел од 15%.

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange