Connect with us

Колумни

Лидерството е избор, а изборот е твој!

Објавено

на

Имате лидерска позиција, но не чувствувате дека ја добивате потребната почит од вашиот тим? Дури помислувате дека не им се ни допаѓате. Многу луѓе можат да ја добијат менаџерската позиција, но никогаш да не го добијат потребното “одобрување” од нивниот тим. Тука се појавува вечната борба помеѓу менаџерите наспроти лидерите: тие умешно го менаџираат својот тим, НО не се лидери на истиот. Што е она кое ги раздвојува менаџерите од лидерите?

Несомнено менаџерот си ја знае одлично својата работа. Тој ефикасно ги извршува обврските, одлично го менаџира времето и ги почитува роковите. На него може да се смета кога целта е работата да биде завршена целосно. Менаџерите се неопходниот дел на секоја организација, но лидерите ги носат работите на следниот левел.

Лидерот има визија и знае како да го мотивира тимот. Успева да ги охрабри и употребувајќи емотивна интелигенција умешно го извлекува најдоброто од сите. Истражувањата покажуваат дека тимот менаџиран од лидерите имаат подобар перформанс од оние кои се построго контролирани од супервизорите (менаџерите). Накратко, менаџерите контролираат, лидерите го “растат” тимот.

1. Лидерите го оставаат своето его пред вратата

Вистинскиот лидер прави се што е потребно за да се заврши работата без разлика што се подразбира под тоа. Тие посветуваат доволно внимание на секој вработен и одлично го проценуваат. Доколку сакате да бидете вистински лидер пронајдете го она во кое секој вработен поединечно е исклучително добар и ослободете го од другите нешта со цел да го оставите да ја врши работата која најдобро му оди. Доколку немате идеа што следно – бидете отворени и прашајте ги што сакаат да направат. Ќе го почитуваат тоа дека се трудите околу нив и ќе се чувствуваат видени и слушнати.

2. Лидерите знаат да слушаат 

Лидерите ги слушаат сите, дури и они кои немаат многу искуство. На најдобрите лидери омилени им се “brainstorming” сесиите бидејќи сметаат дека на тој начин се постигнува демократија на идеите. Тие секогаш прашуваат што мислите и се обидуваат сите да ги вклучат во дискусијата.

3. Емоционална интелигенција

Способноста да се поврзуваш со секој и умешно да ги читаш луѓето е голема предност. Но, емоционалниот фитнес е нешто многу повеќе од тоа. Емоционалниот фитнес е способноста да се приспособуваш на падовите и победите во бизнисот и животот. Разликата помеѓу менаџерите и лидерите е начинот на кој тие реагираат на процесите, на неуспешните договори, загубените клиенти. Менаџерите “полудуваат”, предизвикуваат паника и хаос помеѓу сите во тимот. Лидерите знаат да го пронајдат начинот да се убедат и себе и останатите во тимот дека е време да се земе длабок здив и да се продолжи понатаму.

4. Најважното од се, лидерите живеат надвор од комфорната зона.

Играњето опасни игри не е секогаш природно и удобно, но е избор кој вистинските  лидери постојано го практикуваат. Како деца, сите сакаат да ги избегнуваат лошите вибрации од општеството. Како возрасни, голем дел од луѓето се обидуваат да не бидат видени и да не бидат различни. Проблемот е што живеењето на овој начин не охрабрува сите нас да живееме како просечни возрасни луѓе кои се чувствуваат удобно само кога “играат” мали и сигурни игри.

Лидерот, исто како и менаџерот знае да предизвика да се случат работите, но често идеите и целата инспирација потекнуваат токму од лидерот. Тој е оној кој ги смислува и охрабрува сите новитети. Лидерство е половина уметност половина наука. И на крајот, лидерството е избор. А изборот е твој 🙂

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange