Connect with us

Осигурување

Кроациа Осигурување – Живот нуди можност за подигнување заем по полиса

Објавено

на

Кроациа Осигурување – Живот следејќи ги потребите на своите клиенти им овозможи подигнување на заем во висина на откупна вредност на полисата за животно осигурување со годишна каматна стапка од 7%.

Преку овој производи имате можност да подигнете позајмица со винкулирање на вашата полиса за животно осигурување и сами да го одберете периодот на отплата. Дополнително, сами го одредувате и износот на заемот, кој не може да биде повисок од откупната вредност на полисата.

Одобрувањето на заемот трае еден работен ден, а за негово одобрување потребно е да ја доставите следната документација:

– Оригинална полиса;
– Копија од трансакциска сметка;
– Изјава за винкулација на полиса заверена кај нотар;
– Барање за заем.   

Предности:

– заемот се одобрува во рок од еден ден;
– средствата веднаш Ви се ставени на располагање;
– заем без жиранти или гаранции;
– единствена гаранција е Вашата полиса за осигурување на живот;
– истовремено целосно осигурување;
– административни трошоци изнесуваат само 150 денари потребни за нотарска винкулација на полисата;
– доцнење со уплата на рата до три месеци, без пресметка на дополнителна казнена камата;
– износот на земениот заем не се калкулира во вкупната кредитна задолженост на клиентот.

За подетални информации за висината на заемот кој може да го подигнете, за периодот на отплата, како и за пробен амортизационен план, можете да се обратите на телефонските броеви 02/3215-883 локал 112 или 108.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange