Connect with us

НБРМ

Кредитниот ризик – најзначаен инхерентен ризик во билансите на банките

Објавено

на

Банките продолжија со поголема внимателност да ги кредитираат субјектите од корпоративниот сектор, така што нагорното движење во кредитната активност на банките беше повеќе видливо во сегментот на домаќинствата, за разлика од кредитната поддршка на корпоративните клиенти, чиј годишен раст забави.

Заради намалување на потенцијалните ризици од одреден сегмент од потрошувачките кредити којшто бележеше исклучително високи стапки на раст, Народната банка донесе пакет-мерки, коишто имаат за цел да предизвикаат забавување на високиот раст на долгорочните потрошувачки кредити.

Кредитниот ризик е најзначајниот инхерентен ризик во билансите на банките, но во 2015 година, тој не предизвикуваше зголемена загриженост. Растот на нефункционалните кредити видно забави (изнесува 4,7% наспроти 8,3% во 2014 година), со што придонесе за намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на крајот на 2015 година на 10,8%, со што после повеќе квартали се намали под 11%.

Движењата на нефункционалните кредити произлегуваат од нефункционалните кредити на корпоративниот сектор, чиј раст исто така забави во 2015 година и изнесува 5,9% (во 2014 година: 9,9%). Нефункционалните кредити на домаќинствата се намалија во 2015 година за 0,1% (раст од 2,7% во 2014 година). Покриеноста на нефункционалните кредити со издвоената исправка на вредноста е висока, поради што се засилува капацитетот на банкарскиот систем за апсорбирање на неочекуваните кредитни загуби“, стои во извештајот на НБРМ.

Со поголема внимателност треба да се следат реструктурираните кредити, како можен извор за раст на нефункционалните кредити, поради растот на нефункционалните реструктурирани кредити и намалувањето на реструктурираните редовни кредити. Од друга страна, до средината на 2016 година, се очекува намалување на нефункционалните кредити врз основа на преземената мерка од страна на Народната банка, за отпис на побарувањата коишто се целосно резервирани подолго од две години“, е наведено во извештајот.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange