Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка оствари одличен финансиски резултат во првото полугодие од 2016 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.06.2016 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 201,3 милиони денари наспроти остварениот негативен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 181,4 милиони денари.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 13,2% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата, зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки од продажба на средства и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи.

Позитивно влијание врз финансискиот резултат во извештајниот период има намалувањето на исправката на вредност на корпоративните кредити, како и намалувањето на загубата за оштетување на преземениот имот евидентирана согласно регулативата.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.267,8 милиони денари и бележат пораст од 6,5% во однос на истиот период минатата година. Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2016 година истите бележат зголемување од 3,7% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 99,5%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2016 година изнесуваат 419,7 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат намалување од 5,4%. Планот за анализираниот период е исполнет со 92,8%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2016 година изнесуваат 67.7 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 34,9%. Планот за анализираниот период е исполнет со 124,2%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2016 година изнесуваат 207,2 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 71,5% како резултат на зголемениот износ на реализирани капитални добивки од продажба на преземен имот и наплатени претходно отпишани побарувања од кредити (тужени). Планот за анализираниот период е исполнет со 98%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2016 година изнесуваат 844,9 милиони денари и се намалени за 3,2% главно како резултат на намалени амортизација, материјални трошоци и административни и трошоци за маркетинг. Планот за анализираниот период е исполнет со 94,6%.

Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец јуни изнесуваат 139 милиони денари и се намалени за 60% во однос на истиот период од минатата година.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.06.2016 година достигна износ од 1.082 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 0,7%.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange