Connect with us

Лични финансии

Кои функции ги извршува банката?

Објавено

на

Банките имаат централна улога во економскиот систем, бидејќи извршуваат некои активности, кои се од витално значење за функционирањето на економијата.

 

Банките извршуваат неколку важни функции:

  • делуваат како финансиски посредници,
  • се јавуваат како носители во платниот промет,
  • имаат посебна улогата во монетарната политика, и
  • на економските агенти им нудат некои дополнителни услуги.

Финансиско посредување

Банките претставуваат финансиски посредници (financial intermediaries), односно, ги поврзуваат економските агенти (луѓето и институциите), кои се наоѓаат во различна финансиска положба, т.е. оние со вишок и оние со кусок на финансиски средства. Притоа, банките ги прибираат средствата од економските агенти со вишок, а им позајмуваат на оние со кусок на финансиски средства. Извршувајќи ги депозитната и кредитната функција, банките им нудат на штедачите и на позајмувачите на средствата некои погодности, кои не се присутни на финансискиот пазар. Така, на економските единици со финансиски вишоци, банките им овозможуваат да вложуваат финансиски средства со различни износи. Во продолжение, депозитите на населението кај банките се осигурени до одреден износ, така што дури и да пропадне банката, штедачите нема да ги изгубат вложените пари. Исто така, банките нудат високоликвидни финансиски инструменти, што значи дека клиентите можат во секое време да ги подигнат вложените финансиски средства, и тоа по номиналниот износ. Најпосле, банките го решаваат проблемот на информациска асиметрија (informational asymmetry) помеѓу економските единици со вишок и со кусок на финансиски средства

Платен промет

Една од најважните функции на банките е посредувањето во плаќањата меѓу населението, претпријатијата и државните институции. Во тој поглед, банките имаат централна улога во економскиот систем, зашто ефикасното извршување на плаќањата меѓу економските агенти претставува неопходен предуслов за функционирање на економијата. Во платниот промет, банките ги снабдуваат луѓето и претпријатијата со готови пари, издаваат чекови и ги обработуваат плаќањата, извршени со нив, и вршат електронски пренос на парите меѓу сметките на населението и правните лица

Монетарна политика

Една од клучните карактеристики според која банките се разликуваат од другите финансиски институции е тоа што тие се дел од монетарниот систем на земјата, т.е. обврските на банките кон своите клиенти претставуваат дел од паричната масa. Посебното место на банките во однос на другите финансиски институции се изразува во тоа што тие учествуваат во создавањето на паричната маса, односно можат да ја зголемат паричната маса. Банките ја спроведуваат оваа функција извршувајќи ги своите секојдневни активности, т.е. преку кредитирањето. Кога банките им одобруваат кредити на своите клиенти, одобрените кредити се појавуваат во билансите на банките како нови депозити, под услов клиентите да не ги повлечат средствата во вид на готови пари. Имајќи предвид дека депозитите кај банките се дел од паричната маса, излегува дека со самото одобрување на кредитите, банките успеале да создадат нови пари, т.е. да ја зголемат паричната маса во економијата. Овој процес на создавање дополнителни пари преку процесот на кредитирањето се нарекува кредитна мултипликација. Токму заради способноста на банките да создаваат пари, односот на државата кон нив е различен во споредба со другите финансиски посредници

Дополнителни финансиски услуги кои банките им ги нудат на своите клиенти се:

  • брокерски и услуги,
  • инвестициско банкарство,
  • менувачко работење,
  • чување вредни работи во сефови,
  • издавање гаранции,
  • издавање акредитиви и други инструменти на меѓународниот платен промет,
  • заштита од ризиците,
  • управување со финансиските и другите имоти,
    финансиско советување,
  • издавање електронски пари,
  • финансиски лизинг,
  • брз трансфер на пари,
  • некои активности од областа на осигурувањето, итн.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange