Connect with us

Лични финансии

Кои се најголемите грешки на младите претприемачи?

Објавено

на

Успешните претприемачи постојано размислуваат како да ги поправат грешките кои ги направиле во изминатиот период, но и како да ја унапредат својата компанија. Но, постојат некои лоши навики кои се карактеристични за повеќе луѓе во деловниот свет.

Ова се некои од нив:

Преземате премногу улоги

Ако сте одличен менаџер, тоа не значи дека со самото тоа сте и добар експерт за маркетинг, или односи со јавност. Најдобра е опцијата да изнајмите луѓе, кои се стручни во својата област. Луѓето најчесто не се добри во мултитаскингот како што често се мисли.

Работите секој ден во неделата

Има период кога ќе бидете затрупани со работа и тогаш едноставно ќе мора да работите 7 дена во неделата. Но, тоа никако не смее да стане правило. Секој човек, па така и претприемачот има потреба од денови за одмор, со цел мозокот и телото да се одморат и да се подготват за следните напори и искушенија.

Постојано сте во потрага по пари

Иако парите ви се примарна причина за работата со која се занимавате, одредена граница на страста мора да постои. Еднаш кога и ако финансиски ви тргне, многу е лесно да западнете во замка, каде профитот ви станува најважен, а со тоа неминовно се намалува квалитетот на производите, како и останатите компоненти кои го правеле успешен. Потребно е да направите план колку вреди вашето време, колку очекувате да заработите, но сепак да бидете реални.

Премногу зависите од пријателите

Вработувањето на блиски пријатели во компанијата, звучи како примамлива идеја. Но, често таквиот пристап се покажува како погрешен. Важно е да ги вработите најдобрите луѓе со најдобрите квалификации. Ако притоа тоа се ваши пријатели, добро, но немојте тоа да ви биде пресудна причина.

Не го одвојувате деловниот живот од приватниот

Ова е тесно поврзано со веќе наведената ставка за премногу работни денови. Колку од нас проверуваат службени мејлови пред спиење, сметајќи дека не станува збор за деловна, туку за приватна сфера. Истражувањата покажаа дека таквите активности го попречуваат сонот, а со самото тоа и ефикасноста на работа следниот ден. Исто така, експертите не препорачуваат користење на било какви електронски направи три часа пред спиење.

Извор: lider.mk

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange