Connect with us

Лични финансии

Како емоцијата влијае на финансирањето?

Објавено

на

Успешните деловни луѓе сакаат да мислат дека се кул под притисок, но дали е тоа навистина така?

Сите важни одлуки кои се донесуваат, како што е изборот на клучна инвестиција, зголемување на производството или проширување на нови линии, се замаглени со човечки емоции.

Инвестирањето во големи проекти, секогаш е проследено со кредитно покритие, за кое банките бараат гаранција. Ваквиот начин на финансирање во производството, каде секогаш постои ризик од загуба на гаранцијата, создава притисок кој подмолно натежнува на плеќите на човекот.

Однесувањето за време на финансирање или поконкретно речено бихевиоралното финансирање, откако се појави како поле на студии, се обидува темелно да ги објасни овие отстапувања во однесувањето на инвеститорите, очекувањата формирани од страна на традиционалните финансии како и ефикасните пазари предвидени од страна на неокласичната економија.

Бихевиоралната економија, особено се занимава со емоционалната ирационалност на луѓето кога станува збор за избегнување на загуба.

Емоционалните предрасуди се предизвикани од начинот на кој емоциите и чувствата на поединецот ја менуваат рамката на информации и одлуки, наместо да го менуваат процесот за анализирање на истите.

Основна емоционална предрасуда со која се идентификуваат успешните луѓе е аверзијата од загуба. Во ваков случај деловните луѓе и даваат поголема важност на „загубата“ отколку на добивките од иста големина. Така тие преземаат многу поголем ризик со тоа што ја зголемуваат загубата двојно, надевајќи се дека истата на крајот ќе се претвори во добивка.

Дел од успешните луѓе се карактеризираат со преголема самодоверба и тие сметаат дека нивните вештини и предвидувања за иднината се натпросечни. Потценувајќи го ризикот, претприемачите од овој тип земаат поголеми банкарски кредити и самоуверено се надеваат на успешна инвестиција. Во случај на неуспех, овој тип на инвеститори, вината ја бараат во некој друг.

Денес живееме во ера на брз проток на информации, искористете ги разумно и донесувајте паметни одлуки.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange