Connect with us

Лични финансии

Какви видови на каматни стапки постојат ?

Објавено

на

Камата или интерес е цена што се плаќа на позајмениот финансиски капитал. Каматната стапка е износ на средства што должникот годишно ги плаќа за секои позајмени 100 парични единици. Таа го претставува односот меѓу каматата и позајмените парични средства.

Висината на каматната стапка зависи од повеќе фактори, како што се видот на кредитот, рокот на отплата, условите на пазарот, конкуренцијата, стапката на инфлација, кредитниот рејтинг на земјата и слично.

Теоријата и праксата препознаваат различни видови на каматни стапки:

Активна каматна стапка – Станува збор за каматна стапка по која банката ги пласира слободните парични средства на своите клиенти.

Пасивна каматна стапка – Каматна стапка по кој банката ги плаќа позајмените средства од физичките и правни лица во форма на депозити.

Номинална каматна стапка – Каматната стапка што претставува релативен број – процент, одредува колку парични единици се плаќаат по единица кредит и се користат за пресметка на редовните камати по одреден кредит. Оваа каматна стапка може да биде фиксна или променлива.

Ефективна каматна стапка – За разлика од номиналната каматна стапка, ефективната ја претставува реалната цена на кредитот и им помага на потенцијалните кредитобаратели полесно да ја согледаат цената на кредитите во повеќе банки и да ги споредат условите што тие ги нудат. Во ефективната каматна стапка се вбројуваат и надоместоците и провизиите што клиентите ги плаќаат на банката за одобрување на кредитот. Во овој вид на камата се вклучени и трошоците за обработка на кредитното барање, трошоците, годишната провизија за администрирање на кредитот, трошоци за проценка на недвижен и подвижен имот, трошоци за хипотека и слично.

Затезна камата – Банката ја пресметува оваа камата во случај кога клиентот не ги подмирил достасаните обврски во договорениот рок.

Интеркаларна камата – Се работи за камата што се пресметува и наплатува само од моментот кога се одобрува кредитот до моментот кога ќе почне отплатата на истиот, поточно до наплата на првата рата.

Референтна каматна стапка – Претставува каматна стапка врз основа на која се одредуваат сите останати видови на каматни стапки на банката. Станува збор за каматната стапка што централните банки им ја пресметуваат на деловните банки.

Реална каматна стапка – Стапка по која се пресметуваат реалните камати што претставуваат реален приход од даден кредит.

LIBOR – LIBOR е кратенка од London InterBank Offered Rate, односно каматна стапка на краткорочниот меѓубанкарски пазар во Лондон по кој банките, една на друга си нудат пари. LIBOR е референтна каматна стапка за меѓународни банки и служи како репер при одобрување на кредитите. Висината на оваа камата ја одредуваат петте главни лондонски банки на дневна основа.

EURIBOR – Или EURo InterBank Offered Rate е референтна каматна стапка што претставува пресек на каматните стапки по кои првокласните банки во евро зоната нудат меѓусебни депозити на фиксен период.

Флуктуирачка каматна стапка – Оваа каматна стапка е врзана за неколку краткорочни каматни стапки, како што се LIBOR или EURIBOR.

 

Извор bi.mk

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange