Connect with us

НБРМ

Каква година ги очекува развиените и брзорастечките економии?

Објавено

на

Глобалната економија закрепнуваше и во последниот квартал на 2015 година, но побавно, што е карактеристика и на развиените и на брзорастечките економии.

 

„Во развиените економии, растот и понатаму е поддржан од падот на цените на нафтата, релаксирачката монетарна политика, подобрување на пазарот на труд и намалувањето на негативните ефекти од раздолжувањето на приватниот сектор и на државата. Сепак присутната неизвесност, како и нестабилноста на глобалните финансиски пазари придонесува на побавен раст од очекуваниот.“, наведуваат од НБРМ.

Согласно априлските проекции на ММФ, глобалниот раст во 2016 година е надолно коригиран како кај развиените земји, така и кај брзорастечките економии.

Очекуваниот раст на евро – зоната за следниот период е исто така коригиран надолу, а ЕЦБ дополнително го зголеми степенот на монетарно олабавување. Слични се и согледувањата за американската економија, чиешто забавување кон крајот на годината доведе до пазарни очекувања за одложување на понатамошното зголемување на каматната стапка на ФЕД.

„Во однос на брзорастечките економии, економските изгледи се различни во различни земји, но општо на целата група, оцените покажуваат понатамошно забавување на растот, како последица на слабите остварувања на земјите извознички на примарни производи, забавениот раст на кинеската економија, но и воопшто на бавниот раст на дел од економиите во фазата на висок кредитен и инвестициски раст. Од аспект на глобалната инфлација, таа и понатаму е на ниско ниво, при што во голем број земји стапките на инфлација се под целните стапки на централните банки. Имајќи ја предвид сѐ уште слабата глобална побарувачка, не се очекуваат позначителни инфлациски притисоци. “, стои во извештајот на НБРМ.

Сепак растот на цените на дел од примарните производи на почетокот на 2016 година укажува на можни нагорни придвижувања на глобалната инфлација.   

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange