Connect with us

Лични финансии

Зошто е важно банкарството?

Објавено

на

Банкарството се однесува на сите услуги кои ги нуди банката како финансиска институција. Банките се занимаваат главно со два типа на производи: депозити и кредити.

 

Банките заработуваат преку кредитите за кои позајмувачот плаќа одреден надоместок односно камата. Доколку имате депозит пак, банката ви исплаќа вам надоместок, од причина што таа ги користи вашите пари за да ги финансира кредитите на позајмувачите. Сепак, вие можете да си ги повлечете вашите заштеди кога сакате, но по договор и услови определени од страна на банката.

Зошто е важно банкарството?

Банкарството е важно да се разбере и да се користи од причина што нуди различни предности:
– погодност
– пристап до кредити
– способност за лесно повлекување на парични средства
– одржување на вредноста на парите
– услуги кои ќе ви помогнат да управувате со парите и многу други.

Банката е едно од најсигурните места каде можете да ги чувате парите. Вашите депозити во банките се осигурени од страна на Фонд за осигурување на депозити на Република Македонија. Банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Република Македонија плаќаат премија за осигурување на депозитите на физичките лица во Фондот за осигурување на депозити кој е во државна сопственост и е единствена таква институција во Република Македонија. Во Фондот за осигурување на депозити, целосно се обесштетуваат осигурените депозити до износ од 30.000 евра.
Доколку на Фондот му недостасуваат средства за исплата на осигурените депозити, Фондот ги обезбедува дополнителните средства преку:

1) дополнителни уплати од банките, филијалите на странските банки и штедилниците, но не повеќе од трикратен износ на премиите.

2) задолжување во земјата и странство; 

3) позајмици од Буџетот на Република Македонија.

Дополнителните уплати, банките, филијалите на странските банки и штедилниците се должни да ги уплатат на сметката на Фондот најдоцна во рок од осум дена од денот на доставувањето на пресметката.

Доколку на Фондот му недостасуваат ликвидни средства за исплата на осигурените депозити на физичките лица, Министерството за финансии може да изврши откуп пред рокот на достасување на хартиите од вредност издадени од страна на Република Македонија кои се во сопственост на Фондот. Откупот се врши без објавување на јавен повик.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange