Connect with us

Наградни игри

За чист град пазари со Mastercard на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Купувајте со дебитните Maestro и Mastercard картички на Охридска банка Сосиете Женерал учествувајте во наградната игра за почист град и станете потенцијален добитник на еден од седумдесетте велосипеди.

 

Од денес започнува најновата наградна игра во организација на Охридска банка Сосиете Женерал за корисниците на дебитните картички од брендот Mastercard. Како награда банката доделува седумдесет велосипеди.

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните картички од програмата на Mastercard, издадени од Банката: Maestro, Mastercard Debit Standard и Mastercard Debit Gold.

Правилата за учество им овозможуваат на сите корисници на дебитните картички од брендот Mastercard да учествуваат во наградната игра со направени најмалку 20 трансакции од кои минимум една трансакција да биде направена со Mastercard Debit Standard картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања. Како валидни трансакции се сметаат трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место на територијата на Република Македонија, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку интернет.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда, со тоа што на секои дополнителни 20 трансакции, од кои минимум една трансакција со Mastercard Debit Standard, името на корисникот на картичката уште еднаш ќе се појавува како можен добитник, со што се зголемуваат шансите за награда.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 21.2.2018 г. со почеток во 10:00 ч., во просториите на Охридска банка АД Скопје, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници.

Повеќе информации за наградната игра, клиентите можат да најдат на веб страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange