Connect with us

Останато

За прв пат – македонци на листата “Forbes 30 Under 30”

Објавено

на

На 22 јануари, со гала коктел во познатиот клуб 100 Wardour St. во Лондон, Forbes ја објави листата “30 Under 30 Europe”која истакнува 300 најдобри претприемачи, лидери и иноватори од Европа во 10 индустрии. Помеѓу избраните има претставници од 34 држави, меѓу кои славни личности како Дуа Липа, Рита Ора, актери од серии како Game of Thrones, Stranger Things итн, а најважно од сè, Македонија има дури двајца претставници – Нина Ангеловска од Grouper.mk и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.

Нина Ангеловска, 29, коосновач на Grouper.mk е одбрана меѓу 30те најдобри во Retail & eCommerce

Во 2011 година, на 21 годишна возраст Ангеловска победи на натпревар за најиновативен бизнис план и неколку месеци подоцна го лансираше Grouper, првиот сервис за групно купување во Македонија кога само 1% од македонците купувале онлајн. Grouper денес има повеќе од 2500 соработници и над 170.000 регистрирани корисници. Нина е доктор на на науки, говорник на многу настани, предавач, тренер и консултант во полето на маркетинг и е-трговија. Во 2016 година Ангеловска беше препознаена како една од 100 жени основачи во Европа од страна на германскиот магазин TheHundert.

 

Жарко Димитриоски, 28, коосновач на маркетинг агенцијата Еден на Еден и познат ТВ водител е одбран меѓу 30-те највлијателни во Media & Marketing.

Жаре ја основаше маркетинг агенцијата заедно со својот брат во 2012 година и оттогаш истата станува една од ретките домашни агенции која нуди комплетно портфолио маркетинг услуги. Помеѓу нивните клиенти се вбројуваат некои од најголемите домашни компании, како и повеќе интернационални клиенти. Жарко во декември ја доби и наградата за претприемач на годината 2017 во Македонија од Сојузот на Стопански Комори, Министерството за Економија и МРФП.

Листата за сите 10 категории може да ја погледнете тука https://www.forbes.com/30-under-30-europe/2018/

Главниот извршен директор за содржини и уредник од Forbes, Rendall Lane, на самиот настан истакна дека оваа година имале преку 20.000 номинации од кои се одбрани најдобрите 300. Воедно им порача на одбраните да бидат горди дека ова е најпрестижниот клуб на млади луѓе во Европа, во кој е најтешко да се влезе.

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange