Connect with us

Анализи

Задолженоста на граѓаните кон банките континуирано се зголемува од година во година

Објавено

на

Податоците од најновиот извештај на Народната банка на Р.Македонија покажуваат дека задолженоста на македонското население континуирано се зголемува од година во година.

 

 

Последниот податок за вкупната задолженост по основ на кредити на домаќинствата заклучно со мај оваа година достигнала 124 милијарди денари или 2,1 милијарди евра, што претставува двојно зголемување во однос на истиот период од 2009 година кога граѓаните по основ на кредити на банките им должеле 69 милијарди денари или околу 1,1 милијарда евра.

Податоците на НБРМ покажуваат дека граѓаните најчесто се задолжуваат за да обезбедат основна егзистенција, плаќање на тековните сметки, купување на нови автомобили, студирање, годишни одмори и други потреби.

Од анализата може да се заклучи дека населението најмногу користи потрошувачки кредити, па станбени и хипотекарни кредити, а најмалку автомобилски кредити.

Зголеменото кредитирање исто така се должи и на политиката на банките, континуирано да ги намалуваат каматните стапки кои изгледаат се поповолни за граѓаните.

Иако кредитирањето се зголемува во огромни размери, а граѓаните се се позадолжени, сепак не постои ризик од зголемување на нефункционалните кредити, пред се поради фактот дека банките за издавање на кредити се одлично покриени од аспект на ризичноста на клиентот да не го врати кредитот во целост.

Најчести форми на обезбедување кои ги користат банките се хипотеките на недвижен имот и се позастапеното банкосигурување односно животно осигурување винкулирано во корист на банката.

И во услови на финансиска криза, банките одлично профитираат, додека пак граѓаните тонат во дупка без дно!

Повеќе
Реклама here code

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange