Connect with us

Компании

ЕЛЕМ вработува на 6 позиции, платите од 26.000 до 38.000 денари

Објавено

на

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на Р. М. бр. 167/201 5, 27/2016) и член 5, 7, 8 и 9 од Колективнмот договор на АД Електрани на Македонија, ѕо државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 044713/1 од 22. 07. 2016 година АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

 

За потреба од засновање на работен однос во Подружница ХЕС Треска – Скопје на АД ЕЛЕМ Скопје, за извршување на работи

на неопределено време, за следните работни места:

  • 1 (еден) извршител за работно место „Референт за основни средства, во Служба за финансиски и комерцијални работи.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: IV степен, Средно образование, 1 година работно искуство.

Паричниот износ на основната плата е 25.870 денари

  • 1 (еден) извршител на работно место „Работник за административно – техничко работење, во Служба за правни работи и човечки ресурси.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

– IV степен, Средно образование,

– 1 година работно искуство.

Паричниот износ на основната плата е 25. 870 денари.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30 часот до 15:30 часот.

Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата (своерачна пријава) во која ќе се наведе за кое работно место се аплицира. кандидатите да достават:

– Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);

– Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);

– Уверение за државјанство (копија);

– Кратка биографија на македонски јазик;

– Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат предвид при разгледувањето.

Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена пo истекот на рокот на пријавување.

Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават

на адреса: АД Електрани на Македонија Скопје. Дирекција, ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас)

 

За потреба од засновање на работен однос во Дирекција, АД ЕЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следните работни места:

  • 1(еден) извршител за работно место „Лектор, во Кабинет на генералниот директор.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

– VII степен,

– Филозофски или Филолошки факултет,

–  2 години работно искуство.

Паричниот износ на основната плата е 38. 083 денари.

  • 1 (еден) извршител на работно место „Самостоен референт за компјутерска обработка на податоци, во Оддел за човечки ресурси, Сектор за правни и општи работи.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

– VII степен,

– Високо образование.

– 2 години работно искуство.

Паричниот износ на основната плата е 35. 863 денари

  • 1(еден) извршител на работно место „Одговорен референт за план и цени. во Оддел за план и анализа, Сектор за финансиски работи.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

– VII степен, Економски факултет.

– 2 години работно искуство.

Паричниот износ на основната плата е 38. 083 денари

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30-08:00 часот до 15:30-16:00 часот.

Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата {своерачна пријава) во која ќе се наведе за кое работно место се аплицира, кандидатите да достават:

– Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);

– Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);

– Уверение за државјанство (копија);

– Кратка биографија на македонски јазик;

– Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.

Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса: АД Електрани на Македонија Скопје, Дирекција ул. 11 Октомври. бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас,

 

За потреба од засновање на работен однос во Подружница Енергетика Скопје на АД ЕЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:

  • 1 (еден) извршител за работно место „Помошен ракувач на котел” во Одделение за котелски постројки во Служба за производство.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

– III/IV степен, Средно училиште во занимање од машинска насока или Машинско училиште, 1 година работно искуство.

– Паричниот износ на основната плата е 26. 868 денари.

Работната недела трае 5 работни дена. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно и ќе се врши во смени.

Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата (своерачна пријава) кандидатите да достават:

– Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);

– Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);

– Уверение за државјанство (копија);

– Кратка биографија на македонски јазик;

– Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Пријавата со потребните документи, од кои се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса: Дирекција, АД Електрани на Македонија Скопје, ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје {со ознака „за јавен оглас,)

Краен рок за пријавување: 29.07.2016

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange