Connect with us

Колумни

Електронски шалтер?

Објавено

на

Сакале да признаеме или не тоа е иднината…кога ќе размислиш подобро тоа е веќе минато во некои иновативно напредни земји…но ние зборуваме за Македонија. Тука малку побавно се одвиваат работите и сеуште требаат многу аргументи кои се ЗА користење на електронско банкарство.

 

1. Личност на возраст до 40 години ако влезе во експозитура на Банка и му даде на референтот на шалтер едно “туце” налози за плаќање (било за струја, вода, кредитна картица, кредит, полиса за животно осигурување, итн…) тогаш треба провизијата за тие налози да биде 5 пати поскапа од стандардниот тарифник. ЗОШТО? Затоа што не е ОК млад, образован човек во овој динамичен свет да губи дел од драгоценото време за чекање да му дојде редното бројче, да бара место за паркинг, да се расправа со “само да прашам нешто” клиенти итн…

 

2. Ми стигнува платата на сметка, си ги знам тековните обврски…седнувам дома како господин отварам PC после работа или пред да си легнам и една по една си ги ликвидирам обврските. Дел си префрлам на штедна книшка, дел враќам долг кон другар или родител, плаќам режиски трошоци, плаќам полиса за животно осигурување, рата за автоодговорност и зелен картон и среќен можам да кажам дека за 10 минути сум ги завршил сите финансиски обврски што ги имам за месецот. Толку е едноставно! Не сакам да помислам дека има такви клиенти кои викаат “Се плаќа апликацијата” како изговор за да не ја користат. Ова другово хартиеново не се плаќа директно…ама индиректно малку посолено ќе го платите.

 

3. Статистиката на НБРМ ни дава податок дека од вкупно 57.446.973 безготовински трансакции во 2016 година, 34.127.349 се во хартиена форма или на шалтерите на банките (59,4%), додека 23.319.624 трансакции се во електронска форма (40,6%). Притоа, распределбата на електронските налози по медиуми е следна:

– мобилен телефон: 1,0%

– банкомат: 0,3%

– компјутер: 98,7%

Само за напомена, во електронските трансакции не влегуваат оние плаќања со картичка на ПОС, интернет итн. Статистиката се однесува конкретно на безготовински плаќања во банка или преку алтернативните канали кои се на располагање. Значи не е баш сјајна ситуацијата со користењето на овие алтернативни канали, треба уште многу да се работи на обука на населението и совладување на препреките и ограничувањата.

 

4. Мора да се “пофалат” и вработените во Банка кои треба иницијално – првиот пат малку повеќе минути да ти посветат за да ти објаснат како се инсталира, активира, користи апликацијата (било електронско или мобилно банкарство). Нема шанси, мора се да знаеш од моментот на влегување во експозитура…каков клиент си ти ако не знаеш како се инсталира и користи нивната технологија. И универзалниот одговор на најголемиот дел од банкарите е “Ако имате било каков проблем, јавете се на бројот на веб страната се ќе ви објаснат колегите”. Неколку причини се клучни за таквиот однос и тоа:

  • нема никаква контрола на работењето;
  • пола од вработените ни самите не ги користат овие алтернативни канали и не знаат да објаснат или надминат проблем;
  • зошто јас кога може некој друг.

Да нема лутење, секоја чест на исклучоците кои се спротивни од ова погоре и искрено се трудат на клиентот колку што можат повеќе да му помогнат (а, не дека му помагаат само си ја вршат работата за која се платени). Едно големо БРАВО за овие личности, затоа што банкарот е “доктор” за трансакциска сметка…замисли болен си и докторот ти вика, јави се на тој бројот на веб (подобро и да не замислуваме натаму).

 

5. Математиката е мошне едноставна. Во секој случај користењето на електронско/мобилно банкарство е поисплатливо од плаќањето на шалтер, во продолжение ќе наведеме пет предности. Прво, затоа што провизијата за налози секогаш е пониска преку електронско/мобилно банкарство, отколку ако одиш и плаќаш во експозитура. Второ, кога одиш во експозитура имаш дополнителен трошок за паркинг и гориво (скоро секаде се плаќа паркинг). Трето, изгубено драгоцено време кое секогаш може да се искористи за друга намена. Четврто, референтот во експозитура не треба да знае што плаќаш и колку плаќаш – се зависи од самиот тебе. Петто, си имаш онлине проверка на се во истиот момент кога ќе посакаш.

 

6. Изводи по пошта. Не можам никако да разберам како може подобра опција да е изводот да го чекаш да ти стигне во поштенско сандаче – испечатен. Јас да сум поштар намерно би ги “губел” хартиените изводи се додека не се освестат луѓето и не почнат да користат online извод.

 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Апел до помладите, кога ќе треба да донесете одлука со која банка ќе соработувате – одберете ја онаа која е најиновативна. Бидете мангупи, не се појавувајте во банка – а завршувајте си ги сите обврски. Користете ги сите FinTech услуги, ќе дојде време кога сите ќе зависиме од тоа (ако веќе не зависиме). Дури и кога ви треба информација за некој кредит или друг производ за кои треба да ги споредите условите во неколку банки, денес веб страните содржат доволно информации за да имате јасна слика, а поголем дел од банките имаат online аплицирање за производи. Буквално СЕ можете да правите ONLINE!

 

Не заборавајте да читате совети за безбедно користење на апликациите и постојано да се усовршувате, бидејќи верувајте дека тоа е иднината за сите.

 

До следната колумна, Ве поздравувам…

 

(Филип)

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange