Connect with us

Домашни банки

Единствено во Охридска банка Сосиете Женерал депозит или трансакциска сметка плус осигурување

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал го збогатува своето портфолио на производи со осигурување и  воведува  две нови уникатни  понуди на македонскиот пазар со кои   иматели на денарска трансакциска сметка и  депоненти со орочени депозити во денари добиваат плус и осигурување на лица.

Единствено во Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите кои се иматели на денарска трансакциска сметка или имаат денарски орочен депозит во банката добиваат дополнителна можност за осигурување, со што во случај на  настан кој го покрива осигурувањето добиваат поголема сигурност и финансиска поткрепа на семејството.

Во соработка со осигурителната компанија Граве Осигурување, секој имател на денарска трансакциска сметка во Охридска банка Сосиете Женерал за осигурителна премија од само 1 евро месечно по полиса добива можност за осигурување при што Охридска банка Сосиете Женерал, во случај на осигуран настан, му овозможува на осигуреното или назначеното лице финансиски бенефит што ќе биде исплатен на неговата сметка како: итен еднократен надомест од 500 евра по осигурување и вкупна сума еднаква на приливите на денарската трансакциска сметка на осигуреникот во последните 12 месеци пред датумот на случување на осигурениот настан, но не повеќе од 2500 евра по полиса.

Охридска банка Сосиете Женерал овозможува за осигурителна премија од само 2 евра месечно по полиса осигурување на лица – депонентите со денарски орочени депозити, со што во случај на осигурен настан клиентот добива финансиски бенефит кој ќе се исплати на сметка на осигуреното или назначеното лице во форма на: итен еднократен надомест од 500 евра по осигурување и вкупна сума еднаква на износот на денарскиот орочен депозит на осигуреникот на датумот на случување на осигурениот настан, но не повеќе од 5500 евра по полиса.

Клиентот може да аплицира за максимум 3 полиси, а во зависност од нивниот број при настанување на осигурениот настан добива удвоена или трипати поголема сума.  Полисата на Охридска банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување  ги покрива следниве ризици: смрт како резултат на несреќен случај, трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќен случај и смрт како резултат на болест.

Депозит или трансакциска сметка плус осигурување  клиентите можат да добијат во било која експозитура на Охридска банка Сосиете Женерал со брзо и лесно аплицирање, за чие одобрување е потребен само  еден ден, а начинот на плаќање на месечната осигурителна премија  е едноставен и оди директно преку денарската трансакциска сметка на клиентот. Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk и www.graweskopje.com.mk

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange