Connect with us

Останато

Гувернерот на НБРМ и Министерот за финансии апелираа до банките да одобруваат повеќе кредити на компаниите

Објавено

на

Министерот за финансии Кирил Миновски, апелираше до банките да го зголемат кредитирањето во стопанството, по издавањето на новата еврообврзница со која Македонија обезбеди 450 милиони евра на пазарот на капитал.

Средствата од обврзницата, како што појасни министерот, се очекува деновиве да легнат на сметките на државата, а таа била купена од инвеститори од Европската унија и од САД.

„Банкарскиот сектор е стабилен, а банките се доволно ликвидни и би ги повикал да го интензивираат процесот на инвестирање во корпоративниот сектор, поради тоа што инвестициите придонесуваат за економскиот раст. Како што е познато, преку ребалансот на буџетот успеавме да распределиме доволно средства за капитални инвестиции, а успешно е издадена и еврообврзницата, што тоа значи дека нашите банки можат да се фокусираат на кредитирање на компаниите, кои во крајна линија придонесуваат позитивно за економскиот раст“ – изјави министерот Миноски, кој учествуваше во работата на Комитетот за финансиска стабилност.

Миновски рече дека Македонија имала потреба да се задолжи на пазарот на капитал, бидејќи интенција на Владата е дефицитот да се покрие што е можно повеќе со средства што ќе се обезбедат на меѓународниот финансиски пазар.

„Целта е да се остават повеќе средства кај банките во домашната економија, кои би ги искористиле за кредитирање, бидејќи основната цел е да се развие приватниот сектор“ – додаде Миновски.

На конкретно прашање дали во буџетот имало пари за плати и пензии доколку не беше еврообврзницата, тој накратко одговори: „Немам коментар“.

Одговарајќи на прашање на новинарите, дали Министерството за правда го дало правното толкување околу (не)законитоста на еврообврзницата, за што обвини опозицијата, Миноски рече дека станува збор за стандардизирана процедура во која во почетната фаза се врши утврдување на законскиот текст кој треба потоа да се верификува по завршување на трансакцијата.

„Непотребно се креваат тензии околу формални работи, кои и претходно, при издавањето на другите еврообврзници биле решавани на идентичен начин“ – рече Миновски.

Тој додаде дека до крајот на годинава обврските на државата кон странските кредитори изнесуваат околу 170 милиони евра, додека во врска со фискалниот дефицит и висината на јавниот долг тој повтори дека Македонија е меѓу десетте земји во Европа кои нудат некаква сигурност.

Инаку, како што истакна гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, банките во периодот април – јуни минаа низ реален стрес тест, при што покажаа висока отпорност на шокови. Одговарајќи на новинарски прашања околу можната корекција на стапката на економски раст, гувернерот Богов рече дела таа се одредува два пати годишно, потсетувајќи дека во мајската проекција на НБМ, основното сценарио е 3,5%, а песимистичкото е 1,6% пораст на БДП.

„Како што сега стојат работите, веројатно вистинската стапка ќе биде некаде помеѓу овие две вредности, но колку ќе видиме. Се уште е рано да се каже и ќе зависи многу од целосното стабилизирање на политичките состојби во земјата“ – изјави Богов.

Запрашан дали Македонија можеше без еврообврзницата која беше издадена пред неколку дена, гувернерот Богов рече дека за тоа прашање одлучува Министерството за финансии.

„Тие ги следат состојбите и ги планираат задолжувањата. Тоа се носи еднаш годишно во Буџетот, за тоа гласа Собранието. НБРМ ја води монетарната политика и соодветно ја усогласува со фискалната политика“ – додаде Богов додавајќи дека со Министерството за финансии отворено дискутираат за сите прашања.

Како што соопшти НБРМ, на седницата на Комитетот за финансиска стабилност беше разгледана и најновата регулатива околу банкарскиот сектор во ЕУ, односно измените на Законот за банки и неговото приспособување за зголемување на отпорноста и сигурноста на банкарскиот сектор во однос на надворешни шокови како што беше светската криза.

Извор: utrinski.mk

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange