Connect with us

Останато

Грција ќе конфискува имот и средства од банкарски сметки на неплаќачите на данок

Објавено

на

На лицата што ќе избегнуваат плаќање даноци и осигурување им се заканува конфискација на имот и на средства од банкарските сметки. Мерката е само дел од плановите на Владата за обезбедување на даночните приходи во државната каса, пренесува „Kатимерини“.

Имотот на физичките и правните лица што ги кршат правилата ќе биде продаван на аукции.

Идејата се развива од министерствата за финансии и за труд во земјата, додава весникот. Целта е владата да ги обезбеди приходите во државната каса барани од кредиторите и така да се избегне автоматското наметнување дополнителни економски ограничувања.

Овој услов беше прифатен по неколкунеделни спорови меѓу доверителите и претставниците на грчките власти при прегледот на спроведувањето на програмата за спас. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека преземените реформи нема да ги обезбедат очекуваните фискални цели. Европските институции, сепак, се убедени дека Атина е способна да се соочи со предизвикот.

За да бидат исполнети барањата на Фондот при потпишувањето на договорот, со што беа ослободени натамошни парични транши кон Грција, беше вклучена и клаузула за автоматско ограничувања на јавните расходи.

Во меѓувреме од даночната служба на Грција соопштија дека даночните приходи за половина година ги надминуваат прелиминарните проекции на владата. До крајот на јуни од даноци во грчката каса биле собрани околу 21 милијарда евра.

Извор: Дневник

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange