Connect with us

Останато

Големите банки во ЕУ со пристојни резултати на стрес – тестот за 2016 година

Објавено

на

Европскиот банкарски орган (EBA) објави резултати од стрес – тестот за 2016 година кој беше направен на 51 банка на ниво на Европска унија.

 

Стрес – тестот беше спроведен на 15 земји членки на ЕУ и ЕЕА кои опфаќаат околу 70% од банкарските средства во секоја надлежност во рамките на ЕУ.

Големите банки во ЕУ добија генерално пристојни резултати за својата отпорност. Според европскиот банкарски надзор, во текот на последните години значително се зголемени капиталните амортизери и тие се релативно стабилни.

Најслабо беа рангирани банките од Италија, Ирска, Шпанија и Австрија. Особено слаби резултати забележа италијанската банка „Monte dei Paschi“, австриската „Raiffeisen“, шпанската „Banko Popular“ и двете најголеми ирски банки. Меѓу 12-те банки кои најслабо се претставиле се и германските најголеми банки „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“.

Банките од Португалија и Грција не беа вклучени во тестовите кои започнаа во февруари.

„Благодарение на значајната рекапитализација, резултатите од стрес – тестот во целина ја покажаа отпорноста на банкарскиот сектор на ЕУ.“, се наведува во извештајот на Европскиот банкарски орган (EBA).

Европската централна банка, исто така, го оцени резултатот како позитивен.

Извор eba.europa.eu.

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange