Connect with us

Странски банки

Баросо поставен за советник во лондонската “Голдман Сакс”

Објавено

на

Американската банка „Голдман Сакс“ го ангажира поранешниот претседател на Европската комисија (ЕK), Жозе Мануел Баросо, да помогне во надминување на негативните последици од одлуката на Велика Британија да излезе од Европската Унија (ЕУ), пишува „Дневник“.

 

Инвестициската банка соопшти дека Баросо се приклучи како неизвршен претседател на лондонската филијала на „Голдман Сакс“. Тој ќе биде и советник на банката.

Баросо, кој беше претседател на Еврокомисијата една деценија, вели дека ќе направи се што може за да ги омекне негативните ефекти од одлуката за брегзит. Ако Британија го загуби пристапот до европскиот единствен пазар, американските банки можеби ќе треба да преместат големи делови од европските бизниси надвор од Лондон.

Се разбира, ја познавам добро ЕУ, ја познавам релативно добро и британската средина. Ако моите совети може да бидат корисни во такви околности, се разбира, дека сум подготвен да помогнам – вели Баросо.

Поранешниот португалски премиер ја предводеше ЕK во периодот 2004-2014 година кога се случи и финансиската криза. Тој беше клучна фигура во многу од политиките на финансискиот сектор, кои беа усвоени потоа, вклучувајќи ја и банкарската унија.

Неговите совети и консултации во овој момент на монументални промени и несигурност ќе бидат исклучително важни – вели Питер Сатерленд, кој се повлече од функцијата претседател на ГМИ во мај 2015 година.

Засега Баросо не шпекулира дали банките лоцирани во Велика Британија ќе можат да продолжат со британските дозволи да работат на европските финансиски пазари.

Во моментов не знаеме каков точно ќе биде крајниот резултат од преговорите. Она што знам сигурно е дека и двете страни ќе бидат доволно разумни и мудри за да водат чесни преговори – вели Баросо.

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange