Connect with us

Останато

Аплицирајте за третиот повик од Фондот за иновации

Објавено

на

Компаниите имаат рок до 1 август да се пријават за парите од Фондот за иновации. Буџетот за третиот повик тежи 450 илјади евра (27.762.750 денари). Ќе се финансираат 15 старт-ап и спин-оф фирми. Се покриваат најмногу до 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ до 30 илјади евра. Другото ќе треба да го обезбеди апликантот, но не се сметаат други средства добиени од Фондот или државна помош.

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија што не се постари од 6 години, „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани што имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација и обука како да соработуваат со научноистражувачките и високообразовните институции, од каде што можат да добијат извор за подобрување на нивното работење“ – објаснува директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.

Што треба да знаете за третиот повик?

Третиот повик се однесува на инструментот – кофинансирани грантови за новоосновани „старт-ап“ и „спин-оф“ трговски друштва. Парите се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развоj.

Документите во печатена верзија се доставуваат најдоцна до 26 јули, а во електронска форма до 1 август. Можат да аплицираат сите микро, мали и средни фирми од различни индустрии и сектори, односно фирми со најмногу 250 вработени. Претпријатијата не смее да се постари повеќе од шест години, потребно е да се во мнозинска домашна сопственост (физичко лице, високообразовна или научна установа), да немаат годишни приходи кои надминуваат милион евра (се анализираат финансиските извештаи од претходните две години), проектните активности да не ги финансираат од други извори, да нема капитална поврзаност со друго претпријатие со што збирните приходи би надминале милион евра, да немаат акумулирано повеќе од 100 илјади евра помош во три фискални години, да не се во финансиски потешкотии и да не се занимаваат со производство на јаглен.

Компаниите што аплицираат на третиот повик од Фондот треба да ги искористат парите за истражување и развој, за развој на пилот-линии, за тестирање или дизајн.

Парите ќе ги добијат фирми со јасна комерцијална амбиција, а при изборот на проектите ќе одлучува стручна комисија.

Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој на старт-ап и спин-оф претпријатија. Грантот се очекува да ја поттикне културата на преземање на ризик и иновација, да обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, услуга“ – се вели во третиот повик.

Компаниите ќе се стекнат со можност да остваруваат дополнителен профит, со што се придонесува и за развојот на самата компанија и за општиот економски развој на државата“ – објаснува портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Фирмите со големи очекувања од третиот повик

Воведувањето на иновациите во рамките на работењето на македонските компании е од огромно значење во насока на зголемување на нивната продуктивност, конкурентност и квалитет, а им се обезбедува и можност за влез и присуство на нови пазари, како и за зголемување на својата препознатливост, креирање сопствен бренд и остварување поголем профит во рамките на своето работење. Вложувањето во иновациите претставува инвестиција што значително придонесува за исполнувањето на мисијата на секоја компанија“ – вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.

Иновациите – двигатели на развојот

Иновациите се двигатели на економскиот развој, носители на напредокот и на усовршувањето на економијата.
„Иновативните претпријатија имаат за 15% побрз раст на продажбата од неиновативните, за 8% побрз пораст на продуктивноста и на конкурентноста, побрз пораст на платите. Иновацијата дава натпросечен профит“ – советува академик Таки Фити.
Досега беа поддржани 33 компании со вкупно 1.300.000 евра. Претприемачите кои добија пари успешно ги развиваат своите бизниси.
„Оваа поддршка е многу значајна за старт-ап компаниите во Македонија, ќе им овозможи да се фокусираат на развој на производите и на иновациите“ – вели Никола Бојков, еден од корисниците на парите од Фондот.

Целата објава можете да ја погледнете тука.

 

Повеќе
Реклама here code

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange