Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Станбени кредити на пазарот во Македонија

Објавено

на

Намалувањето на каматните стапки, покрај другите методи на привлекување на вниманието на клиентите се смета како најефикасен начин за “привлекување” на што е можно поголем број на нови клиенти, гледано од аспект на банкарскиот сектор во Македонија.

Банките во Македонија, во последно време се повеќе го следат овој тренд, преку кој во својата понуда имаат мошне ниски каматни стапки, со цел да привлечат поголем број на клиенти, односно да добијат во обем, без разлика што нивната заработувачка на ниво на клиент се намалува.

Иако пред неколку години каматните стапки на станбените кредити изнесуваа речиси 10% со променлива каматна стапка, конкуренцијата помеѓу банките како и следењето на перспективите на банките во ЕУ придонесоа кон тоа каматните стапки вртоглаво да се намалат, да се понуди фиксна каматна стапка за одреден период како и клиентите да се ослободат од разни таканаречени “скриени” трошоци.

Дополнително, од страна на банките се нудат поволности за лојални клиенти кои својата плата редовно ја примаат во одредена банка, се нудат пониски каматни стапки за приматели на плата, пониски провизии или целосно ослободување за оние клиенти кои поседуваат депозит во таа банка итн.

Од друга страна, пак, на клиентите и не им е премногу битно со која банка ќе соработуваат, односно во која банка ќе се задолжат и ќе го примаат својот личен доход. Тие настојуваат пред се да ја одберат онаа опција која најмалку ќе го оптовари нивниот буџет и се определуваат за банката која нуди најниски трошоци.

Во продолжение ви ги претставуваме најновите понуди на банките во Македонија, во делот на станбените кредити:

1. Комерцијална банка АД Скопје

  • 2,90% фиксна каматна стапка за првите 3 години
  • 6,85% променлива каматна стапка по истекот на фиксниот период
  • можност за грејс период до 12 месеци
  • без административни трошоци и трошоци за проценка до 30.09.2016 година
  • без провизија за предвемена делумна или целосна отплата на кредитот
  • максимален рок на отплата до 30 години
  • 400 денари за аплицирање и обработка на кредитот

2. НЛБ Банка АД Скопје

  • 4,50% фиксна каматна стапка за првите 5 години
  • 6,00% променлива каматна стапка по истекот на фиксниот период
  • без трошоци за одобрување и без административни трошоци до 31.07.2016 година
  • без провизија за предвремена отплата на кредитот од свои средства, додека при рефинансирање од друга банка 1%
  • поставување на станот под хипотека
  • максимален рок на отплата до 30 години
  • 600 денари за апликација
  • Бесплатна полиса за осигурување на имотот во првата година

3. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите 8 (осум) години

  • 4,50% фиксна каматна стапка за првите 3 години
  • 5,50% фиксна каматна стапка за следните 5 години
  • променлива каматна стапка почнувајќи од 5,70% по истекот на фиксниот период
  • без провизија за одобрување и проценка до 30.09.2016 година
  • поставување на стан/куќа под хипотека
  • максимален рок на отплата до 15 години
  • административен трошок за аплицирање – 500 денари за сите клиенти

Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите 5 (пет) години

  • 3,95% фиксна каматна стапка за првите 3 години
  • 4,30% фиксна каматна стапка за следните 2 години
  • променлива каматна стапка почнувајќи од 6,45% по истекот на фиксниот период
  • без провизија за одобрување и проценка до 30.09.2016 година
  • поставување на стан/куќа под хипотека
  • максимален рок на отплата до 30 години
  • административен трошок за аплицирање – 500 денари за сите клиенти

4. Стопанска банка АД Скопје

  • 4,30% фиксна каматна стапка за првите 3 години
  • 4,60% фиксна каматна стапка за 4 и 5 година
  • 6,53% променлива каматна стапка по истекот на фиксниот период
  • Без административни трошоци и трошоци за проценка до 31.08.2016 година
  • апликативни трошоци 500 денари за сите клиенти

5. Халкбанк АД Скопје

Станбен кредит со плата во Халкбанк

  • Каматна стапка од 5,20% – 5,75% (променлива) зависно од периодот на отплата на кредитот
  • 0% – 1% провизија за одобрување на кредитот за клиенти со плата во Халкбанк
  • можност за издвојување на 1/2 од вкупните месечни примања за плаќање на обврските по основ на кредит
  • поставување на хипотека на недвижен имот како обезбедување
  • можност за грејс период до 6 месеци
  • максимален рок на отплата до 25 години

Станбен кредит во соработка со градежни компании

  • Каматна стапка од 4,44% (променлива) за првите 4 години
  • Каматна стапка од 5,90% во останатиот период на отплата
  • поставување на хипотека на недвижен имот како обезбедување
  • можност за грејс период до 6 месеци
  • максимален рок на отплата до 30 години
  • максимален износ на кредит од 100.000 евра
  • без трошоци за одобрување на кредитот

6. УНИБанка АД Скопје

  • 4,44% за првите 4 години за приматели на плата
  • 6,50% за преостанатиот период на отплата за приматели на плата
  • максимален износ до 100.000 ЕУР или 900.000 МКД
  • можност за грејс период до 12 месеци
  • 20 – 50 евра провизија за разгледување на кредитното барање
  • 0,5% провизија на одобрениот кредит
  • максимален рок на отплата до 25 години за девизни кредити, 10 години за денарски кредити
  • проценката е на товар на кредитокорисникот само првата година, секоја наредна година е на товар на Банката
  • 5% за предвремена отплата на кредитот и одземање на предвидената камата

7. Централна Кооперативна банка

  • 3,00% променлива каматна стапка за првите 3 години за сите кредитобаратели кои користат минимум 2 производи на Банката 
  • 6% за остатокот на периодот на отплата за приматели на плата
  • максимален износ до 150.000 ЕУР во денарска противвредност
  • без провизија за одобрување на кредитот и без провизија за обработка на кредитот 
  • без провизија за предвремена отплата од сопствени средства, 4,50% од преостанатиот долг при рефинансирање од друга банка
  • максимален рок на отплата до 30 години
  • хипотека како обезбедување

8. Силк Роуд Банка АД Скопје

  • 2,90% фиксна каматна стапка за првите 3 години за кредити во евра и 3,90% за денарски кредити
  • 6,80% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата за кредити во евра, за кредити во МКД (7,75% за приматели на плата во Алфа банка, 8,75% за сите останати)
  • максимален износ до 150.000 евра или 9.000.000 МКД
  • без трошоци за апликација и провизија од износот на кредитот за административни трошоци, трошоци за проценка на имот и нотарски трошоци до 30.09.2016 година
  • максимален рок на отплата до 30 години

9. Охридска банка АД Скопје

  • фиксна каматна стапка во првите 5 години (4,60% за клиенти со кредитно животно осигурување, во спротивно 6,25%)
  • променлива каматна стапка за остатокот на периодот на отплата (5,95% за клиенти со кредитно животно осигурување, во спротивно 7,50%)
  • максимален износ до 100.000 евра
  • без административни трошоци до 10.07.2016 година (од 0,75% до 1,50% од износот на кредитот по истекот на промотивниот период)
  • 0% провизија при предвремена отплата од свои средства, во спротивно 5%
  • можност за издвојување на 1/2 од вкупните месечни примања за плаќање на обврските по основ на кредит
  • 300 денари трошок за апликација

10. Стопанска банка АД Битола

  • 3,90% фиксна каматна стапка во првата година, 5,00% фиксна камата во следните две години
  • променлива каматна стапка по истекот на 3 години (6,95% ако клиентот редовно ги плаќа обврските или 7,795% ако доцни)
  • 1% провизија за одобрување на кредит
  • можност за издвојување на 1/2 од вкупните месечни примања за плаќање на обврските по основ на кредит
  • максимален рок на отплата до 30 години
  • 200 денари трошок за аплицирање за кредит

11. Прокредит банка

  • 4,70% фиксна каматна стапка во првите 3 години
  • променлива каматна стапка по истекот на 3 години (5,50% + 6 месечен ЕУРИБОР, но не пониска од 6,50%)
  • Провизија за проценка на имотот на износ од 4.800,00 денари
  • Провизија за одобрување на кредитот изнесува 1,50% од износот на кредитот
  • Трошок за аплицирање за кредит (300 денари за приматели на плата / 500 денари за сите останати клиенти)
  • максимален износ на кредит до 50.000 евра
  • максимален рок на отплата до 25 години

12. ТТК банка

  • 2,95% фиксна каматна стапка за првите 3 години
  • 6,45% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
  • намалени трошоци за обработка на барање и проценка на имот во првата година до 30.09.2016 година
  • сопствено учество од 10%
  • грејс период од 12 месеци
  • без надоместок за предвремена отплата на кредитот од сопствени средства

13. Еуростандард Банка АД

  • 5,00% фиксна каматна стапка за првите 2 години за приматели на плата во ЕСБ
  • 7,40% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата за приматели на плата во ЕСБ
  • трошок за обработка на барањето изнесува 1%, минимум 1.000 МКД
  • максимален износ на кредит до 150.000 ЕУР со рок на отплата до 25 години

 

При изборот на банка во која би аплицирале за станбен кредит, потребно е да обрнете внимание на следниве критериуми и услови:

  • колку што е можно подолг временски период на фиксна каматна стапка (3, 5 или повеќе години);
  • каматната стапка во фиксниот период да биде пониска од конкуренцијата;
  • да нема провизија за одобрување на кредитот;
  • да нема останати манипулативни трошоци;
  • банката да не бара плаќање на пенали заради предвремена отплата на кредитот;
  • каматната стапка по истекот на периодот со фиксна камата да биде пониска од конкуренцијата.

Податоците се генерирани со датум 17.07.2016 година.

 

Повеќе
Реклама here code

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange