Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Потрошувачки кредити на пазарот во Македонија

Објавено

на

Намалувањето на каматните стапки, покрај другите методи на привлекување на вниманието на клиентите се смета како најефикасен начин за “привлекување” на нови клиенти, гледано од аспект на банкарскиот сектор во Македонија.

Банките во Македонија, во последно време се повеќе го следат овој тренд на намалување на каматните стапки, со цел да привлечат поголем број на клиенти, односно да добијат во обем, без разлика што нивната заработувачка на ниво на клиент се намалува.

Иако пред неколку години каматните стапки на потрошувачките кредити изнесуваа повеќе од 10% со променлива каматна стапка, конкуренцијата помеѓу банките како и следењето на перспективите на банките во ЕУ придонесоа кон тоа каматните стапки вртоглаво да се намалат, да се понуди фиксна каматна стапка за одреден период како и клиентите да се ослободат од разни таканаречени “скриени” трошоци.

Дополнително, од страна на банките се нудат поволности за лојални клиенти кои својата плата редовно ја примаат во одредена банка, се нудат пониски каматни стапки за приматели на плата, пониски провизии или целосно ослободување за оние клиенти кои поседуваат депозит во таа банка итн.

Од друга страна, пак, на клиентите и не им е премногу битно со која банка ќе соработуваат, односно во која банка ќе се задолжат и ќе го примаат својот личен доход. Тие настојуваат пред се да ја одберат онаа опција која најмалку ќе го оптерети нивниот буџет и се определуваат за банката која нуди најниски трошоци.

Во продолжение ви ги претставуваме најновите понуди на банките во Македонија, во делот на потрошувачките кредити:

1. Комерцијална банка АД Скопје
• 6,00% фиксна каматна стапка за првата година
• 7,60% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• 2% надоместок за одобрување на кредитот
• 300 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 10.000 ЕУР максимален износ на кредит
• 90 месеци максимален рок на враќање на кредитот

2. НЛБ Тутунска банка

Виолетов потрошувачки кредит:
• (7,90% за кредити во МКД и 7,70% за кредити во ЕУР) променлива каматна стапка за целиот периодот на отплата
• Без трошоци за одобрување до 31.07.2016 година
• 900 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 900.000 МКД или 10.000 ЕУР максимален износ на кредит
• 96 месеци максимален рок на враќање на кредитот

Промотивен виолетов потрошувачки кредит:
• 6,00% фиксна каматна стапка за првата година
• 8,50% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• Без трошоци за одобрување до 31.07.2016 година
• 900 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 900.000 МКД максимален износ на кредит
• 120 месеци максимален рок на враќање на кредитот

3. Шпаркасе банка Македонија АД Скопје
• 5,90% фиксна каматна стапка за првата година (5,50% фиксна каматна стапка за износи над 610.000 МКД)
• 8,10% – 8,80% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• Без надоместок за одобрување на кредитот до 30.09.2016 година
• 400 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 1.200.000 МКД максимален износ на кредит (задолжително обезбедување полиса за животно осигурување за износи над 610.000 МКД)
• 120 месеци максимален рок на враќање на кредитот

4. Стопанска банка АД Скопје
• 6,00% фиксна каматна стапка за првата година
• 9,23% – 10,13% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата зависно од износот на кредит (намалена променлива каматна стапка за втората и третата година од отплата на кредитот за по 1 процентен поен од редовната камата)
• Без административен трошок, до 31.07.2016 година
• 500 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 920.000 МКД или 15.000 ЕУР максимален износ на кредит
• 120 месеци максимален рок на враќање на кредитот

5. Халк Банк АД Скопје
• 7,60% номинална каматна стапка за целиот период на отплата
• Надоместок за одобрување на кредитот 2% од износот на кредитот
• Без трошок за обработка на барањето за кредит
• 14.500 ЕУР максимален износ на кредит
• 95 месеци максимален рок на враќање на кредитот

6. УНИБанка АД Скопје
• 5,90% фиксна каматна стапка за првата година
• 7,90% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• провизија за одобрување на кредитот 1%
• 600 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 900.000 МКД максимален износ на кредит
• 95 месеци максимален рок на враќање на кредитот

7. Централна Кооперативна банка
• 5,80% променлива каматна стапка за првата година
• 7,70% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• без провизија за одобрување на кредитот
• 650 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 1.200.000 МКД максимален износ на кредит
• 120 месеци максимален рок на враќање на кредитот

8. Силк Роуд Банка АД Скопје
• 5,50% фиксна каматна стапка за првата година
• 8,85% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• без провизија за одобрување на кредитот до 30.09.2016 година
• без трошок за обработка на барањето за кредит
• 900.000 МКД максимален износ на кредит
• 120 месеци максимален рок на враќање на кредитот

9. Охридска банка АД Скопје
• 5,90% фиксна каматна стапка за првата година за кредити со животно осигурување (8,00% за кредити без животно осигурување)
• 7,95% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата (8,00% за кредити без животно осигурување)
• 0% надоместок за одобрување на кредитот
• 200 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 900.000 МКД максимален износ на кредит
• 96 месеци максимален рок на враќање на кредитот

10. Стопанска банка АД Битола
• 7,760% – 7,795% прилагодлива каматна стапка за целиот период на отплата
• 2% провизија за одобрување на кредитот
• 200 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 15.000 ЕУР максимален износ на кредит
• 72 месеци максимален рок на враќање на кредитот

11. Прокредит банка
• 7,00% фиксна каматна стапка за првата година
• 9,00% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• 1% – 3% провизија за одобрување на кредитот
• 300 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 600.000 МКД максимален износ на кредит
• 96 месеци максимален рок на враќање на кредитот

12. ТТК банка
• 5,90% фиксна каматна стапка за првата година
• 7,50% прилагодлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• Промотивен период за одобрување на кредитот до 30.09.2016 година
• 500 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 15.000 ЕУР максимален износ на кредит
• 120 месеци максимален рок на враќање на кредитот

13. Еуростандард Банка АД
• 7,80% фиксна каматна стапка за првите две години
• 9,90% прилагодлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• провизија за одобрување на кредитот 1% (мин. 1.000 МКД)
• 500 МКД трошок за обработка на барањето за кредит
• 800.000 МКД максимален износ на кредит
• 84 месеци максимален рок на враќање на кредитот

14. Капитал Банка АД Скопје
• 5,99% фиксна каматна стапка за време на грејс периодот од 10 месеци
• 7,99% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
• провизија за одобрување на кредитот 1,99%
• 900.000 МКД максимален износ на кредит
• 110 месеци максимален рок на враќање на кредитот

 При изборот на банка во која би аплицирале за потрошувачки кредит, потребно е да обрнете внимание на следниве критериуми и услови:

  • каматната стапка во фиксниот период да биде пониска од конкуренцијата
  • каматната стапка по истекот на фиксниот период да биде пониска од конкуренцијата
  • да нема провизија за одобрување на кредитот
  • да нема останати манипулативни трошоци
  • банката да не бара плаќање на пенали заради предвремена отплата на кредитот
  • да добиете дополнителни поволности од банката

Податоците се генерирани со дата: 12.07.2016 година.

 

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange