Connect with us

Домашни банки

Акционерите на Стопанска банка АД Скопје го изразија своето незадоволство околу поделба на дивидендата

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје на својата web – страна го објави записникот од 38 – та седница на Собранието на акционери на банката одржано на 26.05.2016 година.

 

Согласно записникот може да се утврди дека акционерите се задоволни од работата на менаџментот на банката како и од постигнатите резултати.

Покрај задоволството од работењето на банката изминатата година, акционерите го изразија своето незадоволство околу поделбата на дивидендата. Имено, еден од акционерите кој се пријавил за дискусија откако ја пофалил работата на менаџментот на банката истакнал дека со оглед на ликвидноста на банката, време е да се почне да се дели дивиденда.

Г. Диомидис Николетопулос-Генералниот Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор на Банката, по однос на забелешката на акционерот, истакна дека 2015 била многу успешна година за Банката, уште повеќе што резултатите биле постигнати во тежок период за земјата, што пак успехот добива уште повеќе на значење.

„Јасно е за сите дека состојбата на Банката е одлична и идните изгледи се повеќе од многу добри.“, наведе г. Николетопулос  

По однос на трошоците на Банката и споредбата со останатите банки во РМ, истакна дека ќе им се испрати анализата на побараните трошоци, иако не е едноставно да се прават споредби помеѓу различни банки, имајќи ја предвид нивната различна структура на трошоци и различниот оперативен бизнис модел.

По однос на прашањето за исплатата на дивидендата, тој истакна дека општата состојбата е многу динамична и наведе дека е подобро во ова време Банките да ги задржат резервите, додека не се стабилизира целосно состојбата во домашната економија. Ако во наредниот период се утврди  дека ситуацијата се подобрува, се смирува, може  да се дискутира и за исплата на дивидендата.

„Ова сепак е одлука на акционерите.“, истакна г. Николетопулос.

Записникот во целост можете да го погледнете на следниот линк.

Анализи

TEst

Објавено

на

REGOLAMENTO_FIFA
Продолжи со читање

Останато

Facebook и Google добија дозвола да се однесуваат како банки

Објавено

на

certificate_00745-1571577

TO OTHER

Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Измени на Законот за кредитно биро!

Објавено

на

Кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателот се предвидува со измените на Законот за кредитно биро за што е почната постапка за подготовка на Предлог закон што треба да заврши до 13 февруари 2018 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Error occured while retrieving the facebook feed

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange